Временска прогноза
Временска прогноза за денес и следните денови
Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност, а утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.
Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Кичево2 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево15 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево22 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата