Следете не

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина и внимателно во движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Исто така на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Извор: АМСМ

Македонија

(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.

– При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Објавено пред

на

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми,ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.

Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит, известува Регулаторната комисија за енергетика.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (13 септември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Свет16 часа

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил...

Автомобили17 часа

BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде...

Скопје19 часа

СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога,...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин20 часа

Промената што ја чекавме со години пристигна на Spotify

По повеќе од седум години најави и одложувања, Spotify конечно воведува lossless квалитет на звук – функција што корисниците одамна...

Фото: Wyron A @ unsplash Фото: Wyron A @ unsplash
Lifestyle20 часа

Работи што генерацијата Z не сака да ги работи

Генерацијата Z сè повеќе ги избегнува одредени работни места на почетно ниво, незадоволни од ниските плати и фиксното работно време...

Хроника20 часа

Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени

Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (12 септември)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Кичево2 дена

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна...

Хроника2 дена

Трагедија во Кавадарци: Млад жител од Кина додека извршувал работни задачи во фабрика бил удрен од кран, починал на самото место

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика...

НАЈЧИТАНИ