Македонија
Состојба на патиштата: Сообраќај по влажни коловози, додека градскиот метеж е со умерен интензитет, снег врне на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Известува: АМСМ
Македонија
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови

АД Мепсо истакна соопштение за прекинот на електрична енергија кој ја парализира буквално скоро цела држава.
– Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици.
– Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината.
Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО
– Исто така информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.
Македонија
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија

Утрово после 5 часот граѓани на социјалните мрежи упатуваа поплаки дека нивниот регион нема електрична енергија.
Според исказите, електрична енергија немало на повеќе региони во Македонија.
– Имено подетални информации околу веројатно големиот дефект сеуште немаме, останува да почекаме официјална информација.
Од она што неофицијално стигнува како информација од граѓани е тоа што без електрична енергија биле овие градови: Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Охрид, Кочани, Крушево итн, додека информација за непланиран прекин во електроснабдување нема истакнато на официјалната страница од електродистрибуција.
* Обновено инфо: Во регионите во некои места состојбата со електричната енергија од околу 7 часот утрово доаѓа во нормала, известуваат граѓани.
* Во меѓувреме додека се санираат недостатоците, АД Мепсо истакна соопштение, за тоа која е причината за падот на електричната енергија, прочитајте ТУКА
Македонија
ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24:00 часот.
За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки, информира МВР.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево23 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Македонија4 часа
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Скопје2 дена
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Македонија1 час
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации