Временска прогноза
Спарно време проследено со транспорт на Сахарска прашина и песок – еве до кога

Спарина и заматена атмосфера попладнево во Македонија, тоа е поради транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата држава, а токму транспортот на прашина и песок може да се забележи и на сателитската снимка, која истата ќе се задржи до вторник, додека температурите ќе бидат речиси летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени, така што ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.
Утре, особено во попладневните часови локално ќе има услови за ретка нестабилност и за краткотраен дожд и грмежи.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но како што претходно кажав, некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предмалку соопшти Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.
На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (20 мај)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (21 март)
-
Македонија2 дена
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија2 дена
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Македонија2 дена
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Храна2 дена
Следните 6 витамини се најзастапени во магдоносот, истиот може да помогне при висок крвен притисок
-
Lifestyle2 дена
Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика
-
Lifestyle2 дена
Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија