Музика
(ВИДЕО+ФОТО) Кичевчаните Спасен Сиљаноски и Дарко Стојаноски ја кренаа Австралија на нозе со своите концерти, додека Миладиноски спрема нов проект..

Нашите кичевчани, мајсторите за мерак музика, Спасен Сиљаноски и Дарко Стојаноски во придружба со виртуозот Мишеј Трајковски, Христијан Матлиоски и Васко Стојаноски пленат по Австралија. Речиси нема ден без концерт потполнет до последно место. Турнеа која ја чекаа нашинците подолго време веќе повеќе од пола е завршена, тие што присуствуваа до сега сигурно нема да жалат за своето одвоено време бидејќи како што ни истакнаа фолк ѕвездите, минуваат во прекрасна македонска атмосфера до раните утрински часови, во многу песна и одлично расположение.
За нашиот медиум Спасен истакна дека следуваат низа новости во следниот период, нови музички исполненија, нови проекти со неговиот бенд „Престиж“ кои никого нема да остават рамнодушен..
Во очи на турнеата на нашите кичевски промотори на музиката, Влатко Миладиноски спрема нов проект и нова песна за младата и убава Кајла, токму во Австралија во музички аранжман на Златко Миладиноски, и како дел од музичкиот спот ансамбл „Никола Карев“ од Мелбурн.
Музика
Нема да ги сотрете македонците, додека „Сила ни се песните“ – вели македонското девојче со ангелски глас од Австралија – Кајла!

Новата песна на младата и убава Кајла која е од Македонија, родена во Австралија ќе ви ги разбрани емоциите. На повидок прекрасна и силна македонска порака која мора ја да слушнете, додека на ова девојче со ангелски глас сигурно и претстои блескава музичка кариера.
Новото музичко исполнение се вика „Сила ни се песните“, музиката и аранжманот се дело на Златко Миладиноски, текстот на Анита Даева, на хармоника и кларинет Филип и Зоки Стојчевски, тапан Александар Тодоровски, додека видео менаџментот е дело на „Lou’s видео продукција“, а вистинската македонска убавина на видеото е кореографијата на прекрасниот ансамбл на „Никола Карев“ од Мелбурн.
Уживајте:
Музика
„Leave Me Alone, I’m Dancing“ е новата трака на најпознатиот македонски DJ Dean Mickoski, а доби и ремикс верзија од техно кралицата Nicole Moudaber

Еден од најпознатите македонски DJ продуценти, кој потекнува од град Кичево, Македонија – Dean Mickoski официјално издаде уште една трака заедно со светската House музичка легенда Roland Clark со наслов „Leave Me Alone I’m Dancing“. На оваа трака не остана рамнодушна ни Техно кралицата Nicole Moudaber со тоа што направи одличен ремикс на оваа мега нумера.
Траката денес премиерно е пуштена во етер за „Armada Music“ во сопственост на добро познатиот DJ Armin Van Burren.
Македонскиот DJ Dean Mickoski до сега има настапувано низ светските музички дестинации како што се Мајами Америка, Тулум, Мексико, Њу Јорк, Хрватска, Германија, Белгија, а има соработувано и издадено траки со светските музички легенди, Roger Sanchez, DJ Chus, Lee Cabrera, Simon Field, Celada, Denney, Roland Clark , Nicole Moudaber, Shawnee Taylor и други..
Премиерно „Leave Me Alone I’m Dancing“ слушнете ја во продолжение:
Музика
Кичевската приватна музичка школа „MMP“ врши уписи на нови членови за Пијано и Гитара

Почитувани кичевчани, учењето музика ја зајакнува самодовербата и ги учи децата на тимска работа. Свирењето инструмент е одличен начин за ослободување од стресот и им дава на децата конструктивен начин да се изразат.
Затоа кичевската приватна музичка школа, нашите хуманисти „MMP“ вршат нови уписи на нови дечиња за Пијано и Гитара.
Бројот на новите членови е ограничен.
Информации повеќе ќе најдете на: 072/245-286
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза22 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!
-
На денешен ден12 часа
На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..