Магазин
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
Денес, на овој ден во Кичево е роден еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската музичка сцена, незаменливиот Спасен Сиљаноски кој го слави својот 41 роденден. Со широка насмевка и секогаш со ведро расположение важи за еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој нема своја копија.
Неговиот најголем хит „Ке ти дојдам вечер“ стана ултра вирална композиција која му донесе светска и интернационална слава. Неговиот оркестар „Престиж“ без кого како што вели „не може да го замисли својот настап“ е составен од прекрасни личности, пред сè професионалци кои мора да им сè даде посебно место за овој ден, затоа што покрај прекрасното семејство, тие се т.н. второ семејство во неговиот живот, а тоа се: Маестро Кире Петрески (гитара), Христијан Матлиоски (Саксофон), Илија Тотоски „Тота“ (Клавијатура), Васко Стојаноски (Бас) и Дејан Богданоски (Удирачки инструменти). Истите тие ја прават вашата свеченост професионална и запаметена, коотирајќи високо на врвот на домашната но и странска сцена во музичкиот свет. Нивните дела може да се следат на официјалниот јутјуб канал од Спасен Сиљаноски ТУКА
Сиљаноски тековната година како најзебележителен пред малите екрани заедно со Адријана Алачки ја води емисијата „Везилка“ еден од најгледаниот во моментов и најубавиот проект на македонската телевизија „Алфа“, каде се негува промоција на македонската култура и традиција.
Неговиот последен Хит е веќе популарната меѓу луѓето „Лено мори лено“, а тука се и безвременските „Мајка, До кога боже, Мајка сина прашува, Ах да се врати времето, Назифе, На свадба ме канат, И ние си бевме деветмина браќа“ итн…
Порта.мк упатува честитка за среќен роденден, исполнет со многу здравје, љубов, среќа и успеси на работно поле, да не веселите уште долги долги години!
Featured Photo: andreevaleksandar.co
Магазин
(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna Run Away“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски, кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување, кој лично веруваме дека треба да биде истакнато и во светски рамки како целина.
Дополнително покрај гореспоменатиот Влатко Перо Трајкоски, учествуваа и:
Марјан Ризов, Матко Петровиќ, Урим Саити, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити
Уживајте во нешто наше, кичевско:
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 декември)
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.
РАК
Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.
ЛАВ
Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.
ДЕВИЦА
Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.
ВАГА
Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.
ШКОРПИЈА
Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.
Магазин
Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид
Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.
Состојки (за 3–4 лица):
-
1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)
-
1 кромид или 2–3 стебленца праз
-
80–100 г сецкани ореви (грубо)
-
Маслиново масло
-
Сол и бибер
-
По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица
Начин на подготовка:
-
Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.
-
Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.
-
Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.
-
По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.
Извор: 021
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Кичево11 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Магазин7 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија1 денЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

