Следете не

Временска прогноза

Според последните метео информации, следува стабилизација на времето..

Објавено пред

на

Следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежнбо од јужен и од југоисточен правец.

Во попладневните часови локално ќе има позначителна облачност и ќе има услови за краткотраен дожд проследен со многу ретки грмежи.

Температурите ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека кон крајот на оваа работна недела температурите во најтоплите предели ќе се искачат до околу 33 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претеќно стабилно и суво, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени, за порта.мк изјави Славчо Попоски

Временска прогноза

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври) како и утре претпладне насекаде во Република Македонија ќе има врнежи од дожд кои особено обилни и поројни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе има и локална појава на грмежи особено во западните предели.

И во Скопје и околината со оваа циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и особено во западните предели ќе достигнува брзина дури до околу 90 км/час. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме. Токму поради очекуваниот бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под стари и осамени дрвја.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и тоа поради продор на поладен воздух од север и утре (понеделник 27 октомври) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Да напоменам дека утре наутро и претпладнето на највисоките планини во северозападна Македонија (од 2000 метри па нагоре) ќе има повремен снег, истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.

Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје  и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има  и повремени врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.

Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп37 минути

Хороскоп за четврток (30 октомври)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Спорт2 часа

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А....

Спорт9 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија10 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза10 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје13 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија13 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин2 дена

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин2 дена

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

НАЈЧИТАНИ