Следете не

Временска прогноза

Според последните нумерички модели ќе имаме снежен јануари и февруари

Објавено пред

на

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, во јануари и во февруари во поголем дел од Балканскиот Полуостров, како и во Македонија ќе има врнежи од снег кој ќе бидат натпросечно високи и невообичаени за нашиот дел од континентот.

Дури локално се очекуваат  и екстремни количествна на снег, а тоа може  да се погледне и на следната метеоролошка карта: 

Значително помалку снег ќе има само во Хрватска  и во Словенија, а најпогодени би требало да бидат Босна и Херцеговина, Црна Гора, поголем дел од соседна Србија, Бугарија  и нашата Македонија, вели Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност  и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните  и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.

Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни)  и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.

Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.

Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта...

Lifestyle2 часа

Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови

Температурите се зголемуваат, а престојот во затворен простор сè повеќе наликува на престој на директно сонце. Ако немате клима уред,...

Македонија3 часа

Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист

На 24.06.2025 околу 19:00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Автомобили4 часа

Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат

Кога температурата надминува 37 степени, како што често се случува во Белград и другите балкански градови, климатизацијата во автомобилот станува...

Lifestyle4 часа

Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате

Со генерации наназад кружи митот: „Ако проголташ семка од лубеница, ќе ти порасне лубеница во стомакот!“ Иако ова е само...

Магазин4 часа

Windows 10 добива уште една година поддршка – Microsoft нуди и бесплатни опции

Иако беше најавено дека поддршката за Windows 10 ќе заврши на 14 октомври 2025 година, Microsoft реши да направи отстапка...

На денешен ден16 часа

Времеплов: На денешен ден – 25 јуни

На денешен ден 25 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве краток...

Спорт16 часа

Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за среда (24 јуни)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин1 ден

Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен...

НАЈЧИТАНИ