Временска прогноза
Стабилно и суво, додека утре на вечер значителна промена на времето која ќе се задржи до вторник – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени – за еспресо.мк вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Потоа под влијание на влажен и студен воздушен бран од север, особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Поради спуштање на студен фронт од север, утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои од пониските места. Ќе започне да дува засилен до СИЛЕН северен ветер, а снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните предели, додека на планините истата ќе се зголемува. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Според Попоски, пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, а ќе има услови и за локално провејување на снег, особено во планинските предели.
Веќе од среда па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време.
Временска прогноза
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце.
Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.
Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) и токму ова ќе трае во текот на оваа есен како и во зимските месеци, треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа и во првата половина од есента. Со ова треба да очекуваме дека снегот оваа година може да ни присатигне порано, и тоа уште во ноември месец и во пониските предели, додека на планините снегот треба да го очекуваме уште во октомври месец.
НАПОМЕНА: Долгорочните анализи на времето се со помала веројатност за остварување во целост, тоа значи дека промени во анализата се можни, токму поради ова граѓаните да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со 90% па и повеќе од 90% со можност за остварување, за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија

Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени, информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).
И во Скопје и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски
-
Lifestyle17 часа
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника21 час
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Македонија2 дена
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
-
Спорт1 ден
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
-
Lifestyle2 дена
Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките