Следете не

Временска прогноза

Стабилно и топло уште денес и утре, потоа следи голема промена на времето, доаѓа ли вистинска зима конечно?

Објавено пред

на

Уште денес и утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и натпросечно топло преку ден со температури кој понекаде ќе се искачат и до 15 степени. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во оние котлини кој се наоѓаат Долж Повардарието.

ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето ќе има веќе од понеделник попладне и навечер, а особено во вторник кога насекаде ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (на повисоките планински места со висина и од над 20 цм). Поради продорот на постуден воздух од север, снежната граница во вторник попладне, навечер како и во текот на ноќта кон среда понекаде ќе се спушти под 1000 м.н.в, со што врнежи од дожд и снег, или мокар снег ќе има и во некои пониски населени места.

Во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој во вторник попладне и навечер че го промени правецот во северен и ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет.

Поради засилениот ветер, КОНЕЧНО ќе дишеме ЗНАЧИТЕЛНО ПОКВАЛИТЕТЕН воздух низ котлините, вклучувајќи ја и Скопската котлина, што значи дека се очеку ГОЛЕМО РАСЧИСТУВАЊЕ на воздухот.

За нашиот портал пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Објавено пред

на

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.

Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.

Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.

Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.

Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.

Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.

Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.

Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.

Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин5 часа

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин5 часа

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин5 часа

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. И...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин5 часа

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево6 часа

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза7 часа

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Кичево9 часа

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед....

Свет18 часа

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо....

НАЈЧИТАНИ