Музика
Стојне Николова со својот бенд на „Македонска музичка вечер“ заедно со македонската дијаспора во Италија, која го исполни максималниот капацитет во „Bianca Lancia“

На барање на верната македонска публика, поради големиот интерес од настапот во месец април, по неполни 3 месеци музичкиот состав „Динамик Бенд“ и најдоброто од Македонија супер атрактивната Стојне Николова предводени од маестро Бобан Мојсовски вечерва и утре со настап во живо повторно ќе бидат помеѓу македонците во Италија, потточно во ресторан „Bianca Lancia“.
Секогаш присутни каде ја има на далеку прочуената македонска музика и се разбира во локалите кои пленат со најразновидното вкусно мени и пијалоци, па така и вечерва но и утре, резервирано до последно место, ќе се ужива и пее до раните утрински часови.
– Кога доаѓам тука, секогаш се чувствувам како дома. Ова место за мене е можеби едно од најпозитивните во мојот живот, се работи за домаќини кои секогаш се ведри, насмеани, со топол пречек, позитивна енергија, приготвуваат одлична храна, со еден збор – ресторан „Bianca Lancia“ за нас значи „македонска куќа“ каде секогаш сме добредојдени, така да сите кои вечерва и утре одлучија викендот да го поминат со нас, им ветуваме одлична забава заедно со моите професионалци од „Динамик Бенд“ – за нашиот портал додаде Николова
Што се однесува до Македонија, токму идната сабота на 18.06 во охридскиот елитен „Браво“ ресторан со најубавиот панорамски поглед кон Охридско езеро со почеток од 21:00 часот, бидете дел и резервирајте го на време вашиот престој и уживајте во уште една спектакуларна свирка во живо заедно со Стојне Николова & Динамик Бенд.
Резервации „Браво“ ресторан: ☎️ 075/998-000 & 075/998-001
Менаџмент: Стојне Николова & Динамик Бенд ☎️ 075/420-693
Музика
Кичевската приватна музичка школа „MMP“ врши уписи на нови членови за Пијано и Гитара

Почитувани кичевчани, учењето музика ја зајакнува самодовербата и ги учи децата на тимска работа. Свирењето инструмент е одличен начин за ослободување од стресот и им дава на децата конструктивен начин да се изразат.
Затоа кичевската приватна музичка школа, нашите хуманисти „MMP“ вршат нови уписи на нови дечиња за Пијано и Гитара.
Бројот на новите членови е ограничен.
Информации повеќе ќе најдете на: 072/245-286
Музика
Украина е победник на 66 издание на „Евровизија“, очекувано?

Вечерва во Торино се одржа големото финале на 66. Избор за песна на Евровизија. Финалето го отворија претставници на Чешка, а го затворија пејачка од Естонија. Констракта претставувајќи ја соседна Србија изведе песната „In corpore sano“ претпоследна, под реден број 24.
Во текот на вечерта видовме 25 настапи од исто толку земји, додека гласаа уште 15 земји. Тие 15 земји се оние кои не се пласираа во двете полуфиналиња на „Евровизија“, но, како што беше во претходните години, ќе можат да гласаат во финалето.
Предлозите се такви што 50 отсто од гласовите доаѓаат од стручното жири, од секоја земја поединечно, додека 50 отсто се гласовите на публиката.
Точниот редослед на финалистите на Евровизија е: Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска , Австралија, Англија, Полска, Србија, Естонија.
Украина извојува убедлива победа на овогодинешната Евровизија. Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“.
Честитки на одличната изведба!
ФОТО: Eurovision Song Contest
Музика
„После полноќ“ е новиот сингл на Лозано, ултра модерен и вистински хит за 2022 година

„После полноќ“ е името на најновата песна на нашиот супер атрактивен музички артист од Кичево, Влатко Лозаноски-Лозано за кој пред неколку дена сними и видеоспот.
Текстот и аранжманот се дело на неповторливите Магдалена Цветковска-Ена и Лазар Цветковски од LCV продукција, додека директор на видео е нашиот пријател од Охрид, единствениот Даниел Јовески.
Лозано како што обзнани за нашиот портал, оваа година не очекува бура од новости, нови синглови и спотови.
Во прилог најновата песна и спот, споделете и лајкувајте!
-
Хроника1 ден
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Кичево2 дена
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда [10 август]
-
Хороскоп18 часа
Дневен Хороскоп (четврток 11 август)
-
Временска прогноза1 ден
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Македонија20 часа
Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско
-
Спорт2 дена
Младата репрезентација на Македонија на првиот контролен меч против Романија со нерешен резултат
-
Магазин1 ден
Како да го стартувате Internet Explorer во Windows 11