Спорт
Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски за очекувањата од натпреварот со Австрија
Репрезентацијата на Македонија на 13. јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.
На денешниот брифинг со новинарите, Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски ги споделија своите очекувања пред почетокот на Европското првенство и дуелот со Австрија.
Репрезентацијата на Македонија на 13. јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.
На денешниот брифинг со новинарите, Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски ги споделија своите очекувања пред почетокот на Европското првенство и дуелот со Австрија.
Столе ДИМИТРИЕВСКИ:
– Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро. Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот.
Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво.
Дамјан ШИШКОВСКИ:
– Одработивме одлични подготовки, атмосферата во репрезентација е на високо ниво, сите со нетрпение го очекуваме почетокот на првенството и првиот дуел со Австрија.
Научивме многу од претходните два натпревари со овој противник. Костурот на австриската репрезентација се фудбалери кои доаѓаат од Бундеслигата и физички се многу силни. Сите фудбалери се максимално мотивирани, ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме позитивен резултат. Ќе биде тежок натпревар, една грешка може да го одлучи овој меч. Ќе се обидеме да докажеме и покажеме дека сме подобар тим.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево23 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза22 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево16 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево17 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
