Кичево
Страотна сообраќајка се случила утрово на кичевскиот бул.Ослободување

Страотна сообраќајка несреќа се случила после 5 часот утрово на кичевскиот бул.Ослободување. Имено според наши извори и извори од локалното население во несреќата учествувало пмв марка Мерцедес со албански национални ознаки, кое изгубило контрола и излетало од коловозот, и завршило речиси под мост во близина на локална бензинска пумпа.
По несреќата на терен веднаш се упатиле екипи на МВР, Медицински центар, а поради непристапноста и штетите на возилото побарана била и асистенција од ТППЕ Кичево кои веднаш пружиле помош при интервенција.
Информации за здравјето на учесниците во сообраќајката сè уште не се познати, додека причинета е материјална штета.
Повеќе информации од СВР Охрид, очекуваме во текот на денот.
Кичево
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.
Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.
За Матеа кликни – ТУКА
За Александар кликни – ТУКА
Кичево
Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известуваат од Министерството за внатрешни работи
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч

На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува за јавноста Министерството за внатрешни работи
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево1 ден
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (19 август)
-
Македонија10 часа
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура14 часа
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Македонија2 дена
Денес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст
-
Временска прогноза2 дена
Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови