Следете не

Здравје и убавина

Студија покажала дека исхраната богата со „Јод“ е директно поврзана со долговечноста кај постарите лица

Објавено пред

на

Резултатите од студијата „Рандерс-Скаген“, објавени на веб-страницата на Националниот центар за информации за биотехнологија, докажуваат дека исхраната богата со јод е директно поврзана со долговечноста кај постарите лица.

Испитаниците биле следени 20 години. Содржината на јод во водата во Скаген е 70 пати поголема отколку во Рандерс (139 микрограми наспроти 2 микрограми). Смртноста се следеше до 2017 година. Lивотот во Скаген полн со јод укажува на подолг животен век на неговите жители. Lивеењето во животната средина богата со јод може да биде клучот за долговечноста.

Одамна е познато дека јодот убива вируси и бактерии. Она што многумина не го знаат е дека јодот е неопходен минерал што нашето тело не може да го произведе. Јодот мора да биде задолжителен во секојдневната исхрана. Најмногу се наоѓа во алги, морска риба и трпезариска сол.

Го намалува оксидативниот стрес (слободни радикали) што се јавуваат во имунолошкиот систем на организмот, а имунитетот зависи од правилниот метаболизам. Тироидната жлезда е одговорна за метаболизмот, а јодот е негово гориво.

Последици од недостаток на јод може да бидат замор, депресија, слаба концентрација. Ова се индикатори дека имате проблем со недостаток на јод: се чувствувате уморни, почнавте да заборавате, депресивни сте и вознемирени, срцето чука побавно. Проблемите со тироидната жлезда можат да имитираат голем број психијатриски нарушувања, почнувајќи од депресија, анксиозност, па дури и психоза.

Соодветниот внес на јод е единствената ефективна превенција. Зголемете го внесот на јод. Јапонците земаат 1-3 mg на ден.

Здравје и убавина

Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Објавено пред

на

ФОТО: Towfiqu barbhuiya @ Unsplash.com

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Во последно време, многумина почнаа да го пијат оцетот на празен стомак пред појадок, што всушност не е најздравата практика.

Истражувањата од последниве години покажуваат дека јаболковиот оцет е најделотворен кога се консумира пред оброк, но во попладневните часови. Раствор од оцет и вода може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, поддржува слабеење и ја подобрува апсорпцијата на железо.

Се препорачува дневна количина од 20 мл јаболков оцет разреден со вода, но важно е ова да се пие непосредно пред јадење. На тој начин може да се постигнат следниве ефекти:

  • Стабилизација на шеќерот во крвта – Истражување од 2013 година покажа дека оцетната киселина го успорува разградувањето на јаглехидратите, што е корисно за луѓето со дијабетес тип 2. Друго истражување од 2011 година покажало дека помага и кај дијабетес тип 1.
  • Поддршка во намалување на тежината – Јаболковиот оцет го зголемува чувството на ситост, а најдобри резултати се постигнуваат кога се користи оцет со повисока концентрација на оцетна киселина.
  • Подобрување на апсорпцијата на железо – Студија од 2002 година утврдила дека оцетот ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо преку цревата.

Најдобро е оцетот да се консумира пред ручек или рана вечера. Пиењето на празен стомак, особено наутро, не се препорачува, бидејќи може да предизвика несакани појави како горушица, болки во желудникот или лошо варење. Ова посебно важи за луѓе со проблеми со дигестивниот систем.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Beau Runsten

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и двете работи. Многу е пишувано за придобивките од велосипедизмот, но вреди да се повторат за оваа активност, што меѓу другото, го радува вашиот паричник.

Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.

Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.

Калории

Возењето велосипед со околу 20 километри на час согорува 563 калории за 60 минути.

Во исто време, недоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт, поради што Светската здравствена организација препорачува возрасните на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно за да останат здрави.

И при постигнување на оваа цел, идеален партнер може да биде вашиот велосипед. Потребни се околу 20 минути возење на ден за да ја постигнете целта.

Вклопете го велосипедот во секојдневниот живот

Покрај тоа што помага да се држат голем број здравствени проблеми далеку од вас, возењето велосипед е забавна активност што можете лесно да ја вметнете во вашата дневна рутина. Нека велосипедот стане ваше превозно средство за да одите до продавница или да работите.

Возењето велосипед, со текот на времето, ќе има позитивен ефект врз вашата координација и ќе ја подобри циркулацијата, така што резултатот ќе биде побрзо закрепнување на вашето тело.

Покрај тоа, со текот на времето, ќе има зајакнување на мускулите на долниот дел од телото и подобра подвижност на одредени зглобови. Ова значи дека ова може да биде одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите и артритис.

Вие нема да се откажете толку брзо

Иако е можно вие самите некогаш да започнете физичка активност и да се откажете многу брзо, возењето велосипед не е една од таквите активности.

Луѓето кои вклучуваат велосипедизам во нивниот секојдневен живот, честопати се посветени на повеќе активности отколку оние кои почнуваат да вежбаат во теретана. За разлика од другите форми на вежбање, повеќето луѓе кои возат велосипед остануваат верни на тоа цел живот.

Возењето велосипед не ги оптеретува колената како што се прави после некое време премногу трчање или пешачење, а од друга страна не бара многу опрема како што е случај со други активности.

Затоа, следниот пат кога ќе заглавите во преполн град, додека седите зад воланот, добро размислете како еден велосипед може да ви го олесни денот и да го подобри вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Farhad Ibrahimzade

Кога ќе забележите дека повеќе денови по ред сте поуморни од вообичаено, физички или ментално, треба веднаш да реагирате и да се потрудите порано да заспиете и во текот на ноќта да спиете барем седум часа, редовно да вежбате и да практикувате техники за опуштање кои најмногу ви одговараат.

Многу е важно секако и како се храните – доколку не внесувате доволно неопходно хранливи материи, логично е дека ќе бидете уморни.

Обрнете внимане на големината на оброците – обилните оброци богати со масти го заморуваат организмот. Енергијата се пренасочува кон варењето и правењето залихи.

Од друга страна, недоволното внесување храна исто така го заморува организмот и за кратко време доведува до исцрпување на резервните витамини и минерали во телото.

Исто така е важно да не се прескокнуваат оброците (особено појадокот) и секојдневно да се зема оброкот во исто време.

Извор: денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп45 минути

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија3 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин6 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија8 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза10 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија11 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија11 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ