Спорт
Судиска анализа на 18-то коло во првата македонска фудбалска лига, на мечот Работнички – Шкупи не признаен регуларен гол
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 18 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Силекс– Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 11.12.2022 година, анализирани се ситуациите од 13 и 82 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
13 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед во 16 –сетникот на домакините, во моментот кога го помина одбранбениот играч на домакините, беше соборен ( сопнат) на недозволен начин.
Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт ( сопнување).
82 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите додаде топка до соиграч кој беше странично од голот , во 16-сетникот на домакините и над него од позади грб со лизгачки старт предоследниот играч од одбраната на домакините сакајки да ја избие топката направи прекршок (старт на нога) над напаѓачот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри поради недозволен старт (од позади грб), во оваа ситуација главниот судија треба да додели дисциплинска мерка жолт картон.
На натпреварот Фк.Скопје-Фк.Струга Трим Лум одигран на 11.12.2022 година, анализирани се ситуацииите од 42 и 66 минута.
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
42 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Додадена топка во 16-сетникот на домакините, во истиот момент на неа тргнаа два противнички играчи (исто растојание и без ничив посед) и пред да биде допрена од еден од играчите, играчот од екипата на гостите скока пред да дојде до контакт со играчот од одбраната на домакините и паѓа без било кој од двајцата да ја допре топката.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри, главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен и имаше добра прегледност.
66 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во 16-сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите кој беше 6-7 метри оддалечен од центаршутот направи движење со раката (зголемува волумен) и ја сопре топката.
Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за игра со рака, играчот од обраната на гостите го зголеми волуменот на раката со неговото движење, а исто така имаше и големо растојание при центаршутот, така што можеше да ја повлече раката.
На натпреварот Фк.Брегалница –Фк.Победа одигран на 11.12.2022 година, анализирани се ситуациите од 10 и 38минута.
“Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Давор Цветановски.
10 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите беше во напад на средината на теренот, над него со недозволен старт и јак интезитет стартуваше играч од екипата на домакините спречувајки го играчот во нападот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен жолт картон за недозволен старт, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен Црвен картон.
38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, МЕЃУТОА ВЕДНАШ КОРЕГИРАНА ВО ДОБРА СОРАБОТКА И ДОБРА ПРОЦЕНКА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри, меѓутоа веднаш во соработка со вториот помошен судија корегираново слободен удар за одбраната)
Играч од екипата на гостите прими топка во 16-сетникот на домакините, топката му избега од посед и на неа тргна играч од одбраната на домакините, играчот од одбраната прв стигна до топката и потоа беше нагазнат на нога од напаѓачот на гостите, по што двајцата играчи паднаа.
Главниот судија досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, меѓутоа веднаш во соработка со вториот помошен судија е досудено слободен удар (газење на нога) за играчот од одбраната на домакините.
Во оваа ситуација да се напомене одличната тимска работа на судиите, за носење правилни одлуки.
На натпреварот Фк.Работнички-Фк.Шкупи одигран на 11.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од 17 минута.
“Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
17 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција– не е признаен регуларен гол )
Од удар од агол е центрирана топка во 16-сетникот на гостите, играч од нападот на домакините додава топка до свој соиграч кој во моментот на додавањето е поназад од предпоследниот играч од одбраната на гостите и и постигнува гол.
Погрешна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот поради офсајд позиција, бидејки при момент на додавање на топката од соиграчот, играчот на домакините се наоѓаше во дозволена позиција.
Првиот помошен судија во оваа ситуација беше лошо поставен, односно остана на корнер знамецето, а не беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите и затоа немаше добра прегледност.
На натпреварот Фк. Академија Пандев-Фк.Тиквеш немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 15 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 15 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Гостивар – Фк.Караорман одигран на 10.12.2022 година, анализирани се ситуациите од 25, 41 и 78 минута.
“Главен судија: Миле Лазов. Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов.
25 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ДОБРА СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Централно додадена топка во 16- сетникот на домакините,играч од екипата на гостите ја прима топката и на него стартува (на нога) играч од екипата на домакините и прави прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартот и одлична соработка помеѓу главен и помошен судија, кој му го потврди и поддржа досудениот удар од 11 метри.
41 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на домакините ја имаше топката во свој посед, над него од позади грб ( на задниот дел од ногата) стартуваше играч од одбраната на гостите, играчот од нападот сакаше да продолжи да игра меѓутоа од контактот изгуби чекор и падна.
Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри, стартот беше недозволен (на задниот дел од ногата).
78 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домакините додаде топка централно во 16-сетникот на гостите, до неа прв стигнува играч од нападот на домакините и играчот од одбраната на гостите со старт во нозе прави прекршок над напаѓачот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри поради недозволен старт (на нога) над противникот.
На натпреварот Фк.Беса– Фк.Пехчево одигран на 10.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од 85минута.
“Главен судија: Дени Лековски. Помошни судии: Петар Степановски и Никоче Дрнкоски.
85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт- ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично од голот на гостите, играч од одбраната на гостите прави недозволен старт над играчот од нападот и спречи ветувачка акција.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен жолт картон за играчот од одбраната на гостите, поради недозволен старт (спречување ветувачка акција),бидејќи
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево14 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија11 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Хороскоп4 часаХороскоп за вторник (16 декември)
