Спорт
Судиска анализа за 26-то, односно 23-тото коло во првата и втората македонска фудбалска лига, ова се проценките..
На натпреварите од 26 коло на ПРВА МФЛ немало спорни ситуации за судиска анализа, така што Судиската анализа на 23 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23 ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Гостивар –ФК Тетекс одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 2, 3 и 34 минута.
Главен судија: Дејан Младеновски Помошен судија: Петар Новачев и Роберт Црвенов.
2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН КАРТОН)
Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч, пред да ја прими топката, голманот на гостите надвор од својот шеснаесетник ја фати топката со раце и го спречи играчот на домаќините да игра со неа наоѓајки се во очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домаќините и доделен ЦРВЕН картон за голманот на гостите, поради спречување очигледна шанса за гол (ја фати топката со раце надвор од својот шеснаесетник).
3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН КАРТОН)
Во прекин на игра, играч од екипата на гостите незадоволен од одлука на судијата прави неспортски и некоретен потег,му го зема црвениот картон од рака на судијата и фрла на земја.
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради неспортски и некоректен потег кон судијата (земање од рака картон на судија и фрла на земја картонот)
34 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч на домаќините додаде топка кон свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, пред соиграчот да ја прими топката играш од одбраната на гостите преви лизгачки старт, притоа прв ја удира топката и потоа доага до контакт со играчот од нападот на домакините.
Исправна одлука на главниот судија што не досуди удар од 11 метри за екипата на домакините, бидејки играчот од одбраната на гостите прв доага до топката и ја удира, меѓутоа главниот судија погреши што досуди индиректен слободен удар и додели жолт картон за играчот од нападот на домакините поради симулација. Играчот од екипата на домакините не направи никаков неспортски потег за симулација за пенал.
На натпреварот ФК Борец –ФК Детонит одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 50 87 минута.
Главен судија: Контантин Влахо Помошен судија: Бесарт Абдули и Александар Николоски.
50 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, негов соиграч кој во моментот на центаршутот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домаќините постигна гол со глава.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот за екипата на гостите е поништен и досудено е офсајд позиција, бидејки играчот од екипата на гостите при центрирањето на топката спрема него се наоѓаше во недозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домаќините).
87 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите ја имаше топакта во свој посед странично од голот на домакините и надвор од шеснаесетникот, ја додаде топката до свој соиграч кој во момент на додавањето се наоѓаше во иста линија со играчот што му ја додаде топката, истиот центрираше и друг соиграч постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на гостите при примањето на топката од својот соиграч и центрирањето на топката се наоѓаше во линија со својот соиграч.
На натпреварот ФК Пехчево–ФК Арсими одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 28 и 90 минута.
Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски, Помошен судија: Петар Степаноски и Дарко Василевски , 4-ти судија: Миле Лазов.
28 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И 4-ТИОТ СУДИЈА (Доделен жолт картон на погрешен играч, односно не доделен втор жолт-ЦРВЕН картон на играчот што го прави прекршокот)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично од голот на домаќините и во ветувачка акција,пред шеснаесетникот истиот беше повлечен за дрес од страна на играчот со бр 17 од екипатата на домаќините, кој за овој старт требаше да добие втор жолт-ЦРВЕН картон.
Главниот судија во соработка со првиот помошен судија и 4-тиот судија носат погрешна одлука, бидејки по направениот прекршок од играчот со бр 17 од екипата на домаќините кој требаше да добие втор жолт односно автоматски црвен, главниот судија во соработка со првиот асистент и четвртиот судија погрешно го детектираат играчот и доделуваат жолт картон на погрешен играч со бр.14.
90 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на гостите пред својот шеснаесетник ја имаше топката во свој посед, играч од екипата на домаќините направи лизгачки старт со една нога странично и ниско на ногата на противникот каде целта му е топката , меѓутоа направи прекршок.
Погрешна одлука на главниот судија што додели ЦРВЕН картон, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели жолт картон, бидејки лизгачкиот старт на играчот на домаќините беше странично и ниско на ногата на противникот иако целта на играчот беше да игра со топката..
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево12 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп8 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина12 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
