Спорт
Судискиот одбор испрати јасно соопштение околу барањето за офсајд на мечот ФК Струга Т.Л. – ФК Брегалница
Судискиот Одбор при ФФМ, веќе подолго време превзема иницијатива после секое коло од Прва и Втора лига да излезе со комплетна стручна анализа на спорните моменти за кои фудбалската јавност има прашања и да ги објасни на стручен начин водејки се исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми на судење. Се анализираат сите можни судиски ситуации.
Во анализата која излегува во јавност, водена исклучиво по УЕФА критериум после секое одигрно коло, влегуваат само спорните ситуации кои би биле на штета на натпреварот, а тоа се:
-Постигнат погодок(гол) или не постигнат погодок(гол)
-Очигледна шанса за гол или Ветувачка акција
-Директен црвен картон или жолт картон
-Прекршок за казнен удар (позиција на рака, интезитет…)
-Офсајд или Онсајд
Останатите анализирани судиски одлуки односно ситуации (критериуми при доделување на жолт картон, движење, поставување, авторитет и.т.н. се комплетираат во видео материјали (клипови) и на сите следни судиски едукативни семинари кои Судиска организација ги оддржува со сите фудбалски судии од Македонија го изедначуваме критериумот ИСКЛУЧИВО во согласност со УЕФА и ФИФА критериумите.
Судискиот Одбор при ФФМ, со својата стручност и искуство во судењето, во целост стои позади секоја излезена судиска анализа во јавноста, при тоа носена секогаш по УЕФА и ФИФА критериум и секогаш во корист на фудбалската јавност, да бидеме транспарентни и праведни во секој поглед.
Се анализираат сите мечеви од ПРВА и ВТОРА лига со присуство на:
-Контролор на мечот, кој по завршеток на натпреварот го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч во присуство на целата судиска екипа.
-Ментор. Во целост Судиската организација ја исполнува обврската потпишана со УЕФА за менторирање на Талент судии.
И Менторот по завршеток на натпреварот го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч.
-Видео (стрим) контрола. Сите мечеви кои се стримувани на ФФМ-ТВ каналот, односно во живо пренесувани на некои од Македонските односно Спортски тв и Јутуб канали, се контролирани од контролор и сите забелешки се координираат со контролорот односно менторот на дадениот меч.
Мислиме дека ваков начин на работа, мониторирање на еден меч со двајца односно во многу случаи и тројца контролори, многу придонесува, прво за унапредување на судењето, транспарентноста и пред се чист фудбал.
За крај, еве и еден пример за анализирана онсајд ситуација на
Мечот од 13 коло во ПМФЛ помеѓу Струга ТЛ – Брегалница
Анализирана од елоквентни и стручни членови на судискиот одбор.
Притоа е земено точниот момент на додавање, точно повлечена линија паралелна со гол линија, каде може да се установи дека напаѓачот кој го постигнува голот за Фк Брегалница во 24 минута е дури и позади линијата со топката во момент на додавање и голот е регуларен. Исправна одлука на првиот помошен судија.

Судискиот Одбор при ФФМ, ќе продолжи да работи исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми од најстручни лица, за унапредување и едукација на фудбалската јавност, чесно и транспарентно и нема да потпаѓа на никакви притисоци се со цел секогаш да се заштити фудбалската игра и секогаш да победи фудбалот.
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево. Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Кичево1 денВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп21 часХороскоп за сабота (13 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево23 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Временска прогноза1 денЛадно на утро со температури под нулата
-
Хроника2 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хроника1 денДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
