Временска прогноза
Сушното време продолжува, ова се најновите детали..

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), во текот на следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди.
Повремено ќе има и позначителна облачност, а ќе има услови и за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Наутро ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.
Во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повремено ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.
Напомена: Температурите кој се очекуваат во текот на следниот период, ќе бидат околу, или малку над просекот за овој дел од годината.
Инфо: Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
Временска прогноза
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (6 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (7 мај)
-
Култура1 ден
Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања
-
Македонија2 дена
Ноќеска мало намалување на цената од нафтените деривати
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили
-
Македонија17 часа
Прилеп: Седумгодишно дете случајно стартувало автомобил и ја повредил сестричката
-
Македонија24 часа
На Табановце уапсен грк, во возилото пронајдена марихуана
-
Спорт14 часа
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими