Следете не

Култура

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.

Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.

Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.

Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.

Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.

Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА

Култура

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме

Објавено пред

на

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Прочитај повеќе...

Култура

Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Објавено пред

на

YouTube printscreen/video

Православните Христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечерва ја пречекаа Православната нова година, која почнува практично од денес, додека утре е Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Краток прилог од колегите од Телевизија „Стар“ и појаснување зошто се крши паричката на овој ден од, Протојереј Добрица Јанев:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (26 јануари)

ОВЕН Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во...

Кичево5 часа

(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите

Базата за асфалт изградена во населба Иванидол – Кичево е оддалечена само 60 метри од куќите, а како што се...

Македонија14 часа

Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време

На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка...

Кичево15 часа

„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.

Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во...

Спорт17 часа

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите...

Временска прогноза18 часа

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија22 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи1 ден

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт2 дена

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

НАЈЧИТАНИ