Следете не

Култура

Утре во храмот на Св. Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија во чест на Митрополитот Тимотеј, со надеж на воскресение и светло блаженство

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.

Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Култура

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Епископ Г. Партениј Антаниски

Епископ Г. Партениј Антаниски

Инаку да потсетиме, од вчера вечер во нашиот преубав кичевски Манастир Св.Богоридица Пречиста, во чест и по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста до рано утрово се реализира сеноќно Бдение кое започна од вчера 22:00ч, каде чиноначалствуваше нашиот духовен татко, Епископ Г. Партениј Антаниски.

За многу години домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Викарниот Епископ на ДКЕ – Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот г. Тимотеј

Објавено пред

на

bigorski.org.mk

Во духот на длабоката почит и љубов кон својот архипастир, викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј, отслужи Заупокоена Света Литургија во чест на блаженоупокоениот митрополит г. Тимотеј. Литургијата се одржа во храмот „Св. Климент Охридски“ на Плаошник, Охрид, соборувајќи бројни свештенослужители, монаштво и верен народ, кои се собраа да го испратат својот сакан архијереј со молитви за неговиот вечен покој.

Викарниот епископ г. Партениј, кој со години служејќи во рамките на Дебарско-кичевската епархија беше духовно и пастирски поврзан со митрополитот Тимотеј, го предводеше богослужението заедно со архимандрити, свештеници и ѓакони од епархијата. Чесните мошти на митрополитот Тимотеј беа изложени во центарот на храмот, каде што верниците изразија својата почит и благодарност за животот и делото на својот архипастир.

Дебарско-кичевската епархија, како дел од која се наоѓаат многу цркви и манастири, беше под духовната грижа на митрополитот Тимотеј, чиј архипастирски труд овозможи не само обновување, туку и силен духовен раст на монаштвото и свештенството. Викарниот епископ г. Партениј, како негов најблизок соработник, со посебна љубов и послушание ги следеше пастирските начела на својот архиереј, сведочејќи за единството и посветеноста во служењето на Црквата, а во текот на службата ја истакна големината на љубовта и пожртвуваноста на митрополитот Тимотеј, кој со своите благословени раце замонаши и ракоположи многу од сегашните монаси, јероѓакони, свештеници, јеромонаси и архимандрити.

Оваа заедничка грижа и духовно раководство во епархијата продолжуваат да бидат сведоштво за длабокото наследство што митрополитот Тимотеј го остави зад себе. Народот, свештенството и монаштвото на Дебарско-кичевската епархија се соединуваат во молитвата и надежта дека Бог ќе го прими својот верен слуга во вечната радост на Небесното Царство.

Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА одреди датумот за погребението на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе се одржат во четврток, на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, под началство на Архиепископот г.г. Стефан и надлежните архијереи.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир, каде што ќе почиваат моштите на саканиот архиереј.

Царство небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј!

Галерија од настанот – ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.

Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.

Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.

Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.

Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.

Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза7 минути

Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!

Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени...

Хроника17 минути

Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот

На 06.12.2024 околу 16:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот,...

Спорт6 часа

Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“

Фудбалската федерација на Македонија вчера ги истакна судиите кои ќе го судат 18-тото коло во првата македонска фудбалска лига в...

Магазин9 часа

Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот

Само два бренда, Apple и Samsung, доминираат на глобалниот пазар на мобилни телефони со вештачка интелигенција (AI), заземајќи ги сите...

Магазин9 часа

Google Photos најавува ажурирање

Наскоро во Google Photos доаѓа нова функција. Google додаде нова функција во Google Photos што го олеснува следењето на новата...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за сабота (7 декември)

ОВЕН Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба...

Спорт1 ден

Женските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години ги добија противниците за следните квалификации за Европското првенство 2025

Денеска во Нион беа извлечени групите за квалификациите за жени до 17 и до 19 години  за ЕП 2025, рунда...

Кичево1 ден

Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!

Последни 24 часа до концертот на Лука Лазарески! Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески, кој ќе...

Спорт1 ден

Познат датумот на извлекувањето за 1/4 Куп на Македонија во фудбал

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија истакна информација за датумот на извлекување на 1/4 финалните двојки...

Македонија1 ден

Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило

На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново...

НАЈЧИТАНИ