Следете не

Свет

СЗО: Виетнамската варијанта не е нов хибрид на коронавирус

Објавено пред

на

Варијантата на коронавирус, за којашто виетнамските власти тврдат дека е комбинација на индиски и британски соеви, не е нов хибрид, туку дел од постојниот индиски вид, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.

– Во моментов нема нова хибридна варијанта во Виетнам заснована на дефиницијата на СЗО – изјави претставникот на СЗО Кидонг Парк во Интернет интервју за весникот „Никеи“.

Тој додаде дека оваа варијанта на коронавирусот е дел од варијацијата што потекнува од Индија.

Свет

„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kanchanara

„Етериум“, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, забележа раст од 6% и се тргува над 4.680 долари по токен — многу блиску до рекордното ниво достигнато во 2021 година.

Според аналитичарот Том Ли, голем дел од крипто-проектите и стабилните дигитални токени на Вол Стрит, кои се поддржани од средства како американскиот долар, се градат врз инфраструктурата на Ethereum.

Матичниот токен на оваа платформа, етер (ETH), порасна за над 50% откако беше донесен Законот GENIUS минатиот месец. Овој закон обезбедува регулаторна поддршка за индустријата на стабилни токени, што придонесе за зголемена доверба кај инвеститорите.

Дополнително, Комисијата за хартии од вредност неодамна го најави „Проектот Крипто“ — иницијатива за модернизација на агенцијата и воведување појасни регулативи за дигиталните средства. Овој чекор исто така одигра важна улога во поддршката на растот на „Етериум“

Аналитичката куќа Fundstrat предвидува дека цената на ETH може да достигне и до 15.000 долари до крајот на годината.

Во изминатите пет трговски денови, вредноста на етерот порасна за 16%, наспроти 4% раст на биткоинот. Зголемениот интерес доаѓа и од компании што собираат капитал за купување етер, слично на стратегијата што ја користи MicroStrategy со биткоинот. Според Спенсер Халарн од крипто-платформата GSR, токму овие приливи од институционални инвеститори придонеле за дополнителен раст на цената.

„Овој позитивен тренд дополнително го зголемува интересот на инвеститорите“, изјави Халарн за Yahoo Finance.

Еден од најактивните играчи е BitMine Immersion Technologies (BMNR), каде претседател е Том Ли од Fundstrat. Компанијата најави планови за продажба на нови акции во вредност од 20 милијарди долари, со цел да го зголеми својот удел во Ethereum и на крај да поседува 5% од вкупниот број на ETH токени во оптек. Акциите на BitMine се зголемија за околу 80% во последните пет дена.

Сличен раст бележат и други компании како SharpLink Gaming (SBET) и BTCS (BTCS), кои следат стратегии за интегрирање на Ethereum во своите деловни модели, забележувајќи пораст од 8% во последните пет сесии.

Извор: CNBC

Прочитај повеќе...

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт18 минути

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки....

Занимливости54 минути

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената...

Култура1 час

Денес се празнува „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.

На денешен ден, односно 15 август, православните христијани го празнуваат „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон...

Македонија2 часа

МВР: Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите...

Македонија2 часа

Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во...

Спорт3 часа

Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна...

Временска прогноза4 часа

Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (15 август)

ОВЕН Колку и да се согласува човек денес со вас и идеите што ги имате, подеднакво ќе изрази незадоволство, ќе...

Македонија20 часа

МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа...

Спорт21 час

Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за...

НАЈЧИТАНИ