Lifestyle
Во Кичево за прв пат се отвори специјализирана продавница за спортска суплементација, опрема и здрава храна „Te-DI Sports Supplements Shop“
																								
												
												
											Следејќи ги потребите на модерното време и активниот начин на живот, додека во нашиот град поради непостоењето на ваков тип продавница од вчера во Кичево свечено за прв пат се отвори специјализиран објект за спортска суплементација, опрема и здрава храна – „Te-DI Sports Supplements Shop“.
Оваа продавница ги нуди најдобрите Американски и Европски брендови од областа на додатоци во исхрната, фитнес и бокс опрема. На свеченото отворање присуствуваа дел професионални спортисти, рекреативци и љубители на спортот и здравиот начин на живот, па за нашиот портал не го криеја своето задоволство.
– „На град Кичево од секогаш му требаше специјализирана продавница од ваков тип, бидејќи ние како активни спортисти правевме список со потребни суплементи за вежбање, кој истиот го испраќавме преку електронски пат, за после една седмица да ги пречекаме производите, сега веќе со „Te-Di Sports“ е полесно и подостапно веднаш.“ – ексклузивно за нас истакна еден од легендите во боди билдингот во Западна Македонија.
– „Се надеваме дека од денес, па натаму бројот на нашите пријатели ќе расте и дека добро ќе функционираме, иако знаеме дека овој спорт е скап, ние како тим се потрудивме да имаме пристапни цени и разновидни производи“ – велат од „Te-DI Sports Supplements Shop“
Продавницата се наоѓа на ул. Левче Стефаноски Тарзан бр. 13 Кичево во непоосредна близина на Автоцентар „Бубамара“ населба. Карпош, за повеќе информации достапни се броевите 071/221-570, како и 072/241-085
Добредојдени сте, повелете!
Lifestyle
Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
														Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често се појавуваат фалсификати и мешавини со поевтини растителни масла. Експертите предупредуваат дека дури и производи кои се рекламираат како „екстра девствено“ не секогаш се вистински.
Вкусот открива многу
Ако вкусот на маслото е премногу благ или потсетува на сончогледово масло, тоа е јасен знак дека се работи за разреден или индустриски преработен производ. Вистинското маслиново масло има лесно горчлив и пикантен вкус кој останува на непцето.
Бојата не е секогаш показател
Домашното маслиново масло не мора да биде совршено бистро. Често е малку заматено, со златно-зелени нијанси, особено кога се гледа на природна светлина. Напротив, претерано проѕирно масло со униформна боја може да биде преработено и да содржи адитиви.
Внимавајте на цената и пакувањето
Квалитетното маслиново масло ретко е евтино. Ако цената е сомнително ниска, тоа најчесто значи дека производот е мешавина или не е од вистинско потекло. Проверете ја декларацијата – вистинските производители секогаш наведуваат од каде потекнува маслото и кога е произведено.
Домашен тест за проверка
Наједноставниот начин да проверите дали маслото е природно е следниот:
Ставете мала количина во фрижидер на неколку часа. Ако маслото се згрутчи или стане густо, тоа е добар знак дека е вистинско маслиново масло. Ако остане целосно течно, веројатно содржи примеси од други масла.
Извор: RTCG
Lifestyle
Совршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда
														Кајганата со кремаста текстура е еден од најбрзите и највкусни оброци што можете да ги подготвите — идеален избор за доручек или брза вечера. Но, како да се постигне таа совршена, мека и мазна текстура?
Иако многумина веруваат дека млекото е клучната состојка за кремаста кајгана, експертите велат дека тоа е една од најчестите грешки.
Зошто млекото не е вистинскиот избор?
Хенри О’Конор, основач на брендот Better Eggs, објаснува дека додавањето млеко во јајцата всушност може да ја влоши текстурата, правејќи ги јајцата „гумени“ и без вкус.
„Кога млекото и јајцата се готват заедно, протеините коагулираат и влагата се извлекува. Резултатот е сува и гумаста кајгана“, вели О’Конор.
Истражувањата на порталот Tasting Table го потврдуваат ова. Тие откриле дека кајганата со додадено млеко често излегува сунѓереста и без кремастост, бидејќи дополнителната течност испарува при готвењето, оставајќи јајца без влага.
Тајната состојка за совршена кајгана
Наместо млеко, О’Конор препорачува да користите павлака.
„Започнете со свежи, висококвалитетни јајца и гответе ги полека и нежно. За да добиете вистинска кремастост, додадете малку павлака“, советува тој.
Овој едноставен трик додава природна мазност и богат вкус, без ризик од преварување или губење на текстурата.
Клучот е во температурата
Дури и без павлака, тајната на добрата кајгана е во контролата на топлината. Гответе јајцата на тивок оган, мешајте постојано и не додавајте премногу течности.
Со правилна техника и свежи состојки, можете секогаш да уживате во совршено кремаста кајгана — без капка млеко!
Извор: RadioSA
Lifestyle
Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
														Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови што навистина делуваат, а еден од нив ги воодушеви илјадници домаќинки ширум светот. Сè што ви треба е малку време, топла вода и прашок за перење алишта — резултатот ќе ве изненади!
Решетката во рерната е често највалканиот дел од кујната. Загорените остатоци од храна и слоевите маснотии се тешки за чистење дури и со скапи средства. Но, со овој едноставен метод, нема потреба од триење, сунѓери или агресивни хемикалии.
Како да го направите тоа:
Земете леген или када, поставете крпа на дното и ставете ја решетката врз неа. Наполнете ја со топла вода додека не биде целосно потопена, а потоа додадете една шака прашок за перење алишта. Оставете ја да отстои преку ноќ. Следното утро, само исплакнете со вода – маснотијата и нечистотиите ќе се исчистат сами од себе!
Овој трик е идеален за сите кои сакаат природно и лесно чистење без напор. Решетката по третманот изгледа како нова, а рерната повторно добива свеж и чист изглед.
За дополнителна свежина, можете по чистењето да нанесете сок од лимон и малку сода бикарбона, а потоа накратко да ја загреете рерната на 100°C. Така ќе ги отстраните сите непријатни мириси и ќе внесете пријатен цитрус мирис во кујната.
Со овој едноставен трик, ќе заборавите на часови поминати во чистење и триење – рерната ќе блеска како нова, а вие ќе заштедите време, пари и нерви.
Извор: Alo
- 
																	
										
																					Македонија2 денаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
 - 
																	
										
																			Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (3 октомври)
 - 
																	
										
																			Кичево15 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
 - 
																	
										
																			Хороскоп9 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
 - 
																	
										
																			Технологија2 дена„Google Maps“ има нова корисна функција
 - 
																	
										
																			Lifestyle21 часКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
 - 
																	
										
																			Магазин21 часGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
 - 
																	
										
																			Магазин21 часXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
 



