Кичево
Тешка сообраќајка помеѓу Голф и автобус на магистралниот пат во Кичево

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу ПМВ Голф со кичевски рег. ознаки и превозно средство на работници (автобус) со охридски рег. ознаки на магистралниот пат во близина на бензинска пумпа.
Според неофицијални информации од терен, порта.мк дознава дека во ПМВ Голф имало еден учесник, додека за здравјето за него и останатите во автобусот немаме информација.
Очевидци говорат дека се слушнал силен удар, така што возилото од предна страна било скоро уништено.
Медицински екипи заедно со ТППЕ Кичево веќе интервенираа, додека ОВР Кичево врши увид, а сообраќајот се одвива споро и во една коловозна лента.
Повеќе информации во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани.
Од извори на терен пмв „Yugo“ со кичевски регистарски ознаки, поради непознати причини изгубило контрола на движење и излетало од коловозот.
Неофицијално има повредени. На терен се забележуваат екипи на ОВР Кичево, лица од Медицински центар Кичево, додека на помош/интервенција била повикана и ТППЕ Кичево.
Кичево
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ

Вчера на 19.03.2023 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во зграда лоцирана на улицата „11 септември“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
Денес уште еден несреќен случај на кичевскиот автопат, настрада жител на Демир Хисар

Денеска (18.03.2023) е пријавено дека околу 10.20 часот, на новиот автопат кај селото Лавчани, кичевско, С.К.(33) од Демир Хисар, додека работел на изведување на градежни работи, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници од ОВР Кичево излегле на местото и извршиле увид.
За порта извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза22 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!
-
На денешен ден12 часа
На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..