Кичево
(ВИДЕО) Д-р Трпески: На терен иако немаме ингеренции слабо се движи изградбата на нова кичевска болница

После три децении објектот кој треба да биде новата кичевска болница каде во поквалитетни услови ќе се лекуваат пациентите се чини дека сè уште нема активност. Имено во прилогот на „Телевизија 24“ говори и директорот на ЈЗУ општа болница – Кичево, Д-р Станко Трпески дека на терен слабо се одвиваат градежните работи, кои патем биле ветени од 2020 година од претходни раководства..
Во продолжение погледнете го целосниот прилог на колешката, г-ѓа Адријана Митевска Момироска од ТВ24:
Извор: Телевизија24
Кичево
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент

Според статистиките до кои може да се дојде, град Кичево котира високo на пиедесталот по кафе пиење, односно кичевчани и тоа како преферираат добро кафе. Поради тој факт во нашиот град битно е каде и какво кафе ќе испиете за рано ден или после пладне.
На нашиот веб простор денес ви го презентираме „ART Caffe“, позициониран на ул. „Борис Кидрич“ бр.1, специјализиран објект кој е ваш верен пријател повеќе од 10 години, каде најубавото кафе е гаранција за позитивен ден и насмевки. Сега во свој проширен во максимално уреден стил на тераса за претстојното лето.
Покрај преубавото „Segafredo Zanetti“ кафе, ги забележавме и уникатните ладни чаеви од безвременскиот гурмански сируп „Philibert Routin 1883“ коj e познат низ целиот свет по неговиот квалитет и вкус. Одобрени од вегетаријанското друштво и сертифициран „Кошер“, 100% без глутен и холестерол.
Но тоа не е се, тука се достапни и единствените дополнителни кафиња со ликер-вкусови исто така од палетата „Philibert Routin 1883“ на „Банана, Карамела, PopCorn, Ѓумбир, Чоколада и Ванила“ кои никого нема да остават рамнодушен.
За себе велат, повелете и уживајте го вашето кафе во мирна и позитивна атмосфера, паркинг простор и уникат кој трае повеќе од 10 години, секој ден започнувајќи од 07:00 до 00:00 часот.
Следете ги „ART Caffe“ – на фејсбук и на нивниот инстаграм профил – „ART Caffe“
Кичево
(ФОТО) Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ блесна со нови канделабри и останати наменски намирници благодарение на група граѓани

Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ благодарение на група граѓани деновиве беше осветлен со нови 10 канделабри кои блеснаа во вистински сјај за ноќните часови. Во акцијата беа поставени и наменски скали за потребите од храмот.
Преку нашиот медиум преку упатуваат голема благодарност до сите добронамерници за целиот придонес и ангажман околу активностите, додека во прилог ни испратија нивни фотографии:
Кичево
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо

На 04.06.2023 во периодот од 15 до 21 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-16, Кичево-33, Дебар-03).
Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-12).
Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ блесна со нови канделабри и останати наменски намирници благодарение на група граѓани
-
Временска прогноза24 часа
Викендот пред нас нови најави за нестабилност на времето, се чини така останува да биде до крајот на месецот…
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (7 јуни)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (6 јуни)
-
Спорт24 часа
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите
-
Кичево10 минути
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент
-
Магазин1 ден
Apple претстави нов уред кој чини околу 3.500 евра ФОТО
-
Магазин1 ден
Маск: Кина ќе иницира регулатива за вештачка интелигенција