Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги запознаа граѓаните со нивната акција.
Исто така ја посетија и детската градинка „Олга Мицеска“ и ги едуцираа најмалите за важноста на цвеќината врз пчелите.
Група на ученици ги отпочнаа пролетните активности во нивната градина, додека останатите ги исчистија улиците околу учииштето.
Во прилог галерија од денешниот настан на најмилите:
Кичево
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани.
Од извори на терен пмв „Yugo“ со кичевски регистарски ознаки, поради непознати причини изгубило контрола на движење и излетало од коловозот.
Неофицијално има повредени. На терен се забележуваат екипи на ОВР Кичево, лица од Медицински центар Кичево, додека на помош/интервенција била повикана и ТППЕ Кичево.
Кичево
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ

Вчера на 19.03.2023 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во зграда лоцирана на улицата „11 септември“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Кичево25 минути
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза23 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!