Гејминг
Тимот на „Сакса“ детето од Св.Николе освои 8 милиони долари во Dota 2, Браво!

Заврши Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, победници во големото финале се „Тундра Еспортс“ каде што настапува како што најпопуларниот Дарко Влогс љуби да го нарече (детето од Св.Николе) македонецот Мартин Саздов, повеќе познат како Сакса освоија ни помалку ни повеќе 8 милиони долари повеќе од заслужено!
THE AEGIS IS OURS! #TI11 CHAMPIONS 🏆
Thankyou #TundraTribe🔻 for the amazing support! Now let’s go fucking party 🍾 pic.twitter.com/vU26BGF96y
— TUNDRA (@TundraEsports) October 30, 2022
Во маестралниот сет на игра резултатот три од три добиени против своите противници од Team Secret.
Честитки луѓе, доказ дека без Македонците не се може никаде, секаде не има!
Гејминг
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.
Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“
Како започна конфликтот?
-
Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.
-
Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.
-
Apple остана без вообичаената провизија од 30%.
-
Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.
Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.
Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.
Извор: Engadget
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
Гејминг
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.
– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.
Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Македонија2 дена
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за четврток (11 септември)
-
Македонија18 часа
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Македонија2 дена
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Спорт2 дена
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија
-
Кичево2 часа
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија
-
Временска прогноза24 часа
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд