Македонија
Толку беше, од ноќеска ново поскапување на дизелот и бензинот – ова е новата цена, предмалку истакна РКЕ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит
Македонија
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините

Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, како во минатото така и сега и во иднина, полицијата ќе биде крајно ригорозно по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања и друг начин на ширење на говор на омраза.
За потсетување, во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки а едно лице е лишено од слобода и против него ќе следи соодветен поднесок.
Што се однесува за фудбалскиот натпревар кој се одржа на арената Тодор Проески во Скопје на 05.08.2025, СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител. Имено, доставено е писмено известување до Обвинителството врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за било какви утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана, вели МВР.
Македонија
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден

На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.С. (54) од Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираше МВР за јавноста.
Македонија
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица

По обилните дождови и силните ветрови што зафатија дел од земјата, засега не се пријавени ниту материјални штети ниту повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со тимот од оперативниот сектор и дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
ЦУК како што информираат, остануваат во постојана приправност и продолжува со координирани мерки за навремена и ефикасна реакција доколку се појави потреба.
Извор: ЦУК
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија2 дена
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за среда (6 август)
-
Македонија2 дена
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица
-
Македонија1 ден
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден
-
Временска прогноза19 часа
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Lifestyle1 ден
Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете