Следете не

Автомобили

Топ 10 автомобили со најмногу повлекувања во 2022 година

Објавено пред

на

Годината зад нас беше многу тешка за автомобилската индустрија.

Покрај веќе познатите проблеми со недостиг на микрочипови и други компоненти, некои брендови се соочија и со рекорден број повлекувања.

Ford помина најлошо, со двојно поголем број повлечени возила во 2022 година од следниот водечки производител.

Повеќе од 17 проценти од сите автомобили произведени оваа година беа повлечени во одреден момент, односно повикани на сервис.

Иако се работи за автомобили кои се отповикани на американскиот пазар, листата е интересна бидејќи сите десет марки нудат автомобили и на европскиот пазар, пишува Auto Club. За да не одложуваме, ви пренесуваме преглед на брендовите кои имаа најмногу отповикувања во 2022 година.

10. Nissan: 15 повлекувања / 1.568.385 возила

9. BMW: 19 повлекувања / 1.000.455 возила

8. Tesla: 20 повлекувања / 3.769.581 возила

7. Hyundai: 21 повлекување / 1.451.248 возила

6. Kia: 24 повлекувања / 1.458.962 возила

5. Mercedes-Benz: 30 повлекувања / 969.912 возила

4. General Motors: 32 повлекувања / 3.371.302 возила

3. Stellantis: 38 повлекувања / 3.041.431 возила

2. Volkswagen Group: 45 повлекувања / 1.040.885 возила

1. Ford: 67 повлекувања / 8.636.265 возила

/SD

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили12 минути

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври...

Хроника7 часа

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење....

Фото: Lars Blankers @ unsplash Фото: Lars Blankers @ unsplash
Храна8 часа

Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента

Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин9 часа

Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки

Instagram започна тестирање на нов изглед на својата апликација, кој веќе е достапен за дел од корисниците. Промената засега е...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (15 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Временска прогноза11 часа

Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток...

Lifestyle1 ден

Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher

Нашиот кичевчанец, добро познатиот Деан Мицкоски гостува во сабота во „Република Клуб“ заедно со „Fecky Farris“ & „Punisher“. Нашиот промотор...

Фото: Remy Lovesy @ unsplash Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Автомобили1 ден

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин1 ден

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

Технологија1 ден

Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“

По една деценија постоење, Windows 10 официјално ја заврши својата ера. Од денес, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни надградби,...

НАЈЧИТАНИ