Следете не

Спорт

Тотре и Бабунски повикани во македонската А репрезентација на местото од повредените Ердал Ракип и Адис Јаховиќ

Објавено пред

на

Македонските репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023.

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда (задна ложа) излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата.

Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Спорт

Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

Објавено пред

на

©porta.mk

Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.

Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.

„Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.

Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.

Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.

Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.

Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Објавено пред

на

©porta.mk

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.

Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.

Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин9 часа

Вашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти

WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин9 часа

YouTube наградува лајкови со забавни анимации

ouTube воведе нова интерактивна функција – копчето „Ми се допаѓа“ сега може да ве награди со кратка, забавна анимација секогаш...

Кичево10 часа

ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина

На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од...

Здравје и убавина10 часа

Направете дома природен „Витамин Ц“ напиток

Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на организмот во борбата против настинки, вируси и замор. Освен што го зајакнува...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за среда (12 ноември)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Македонија23 часа

Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција

Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016...

Македонија1 ден

Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово  и ФК...

Фото: Václav Pecharc @ unsplash Фото: Václav Pecharc @ unsplash
Автомобили1 ден

Renault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила

По три години целосна електрификација, Renault повторно го разгледува враќањето на бензинските мотори во своите семејни модели Mégane и Scénic....

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин1 ден

SoftBank го продаде целиот свој удел во Nvidia за 5,8 милијарди долари

Јапонскиот технолошки конгломерат SoftBank објави дека целосно го продал својот удел во Nvidia за 5,83 милијарди долари, со што ја...

НАЈЧИТАНИ