Автомобили
Toyota инвестира 35 милијарди долари во електрични возила на батерии

Јапонската Toyota, еден од најголемите светски производители на автомобили, планира да инвестира 4.000 милијарди јени (35 милијарди долари) во изградба на целосна линија за 30 модели на електрични возила на батерии до 2030 година.
Компанијата, исто така, има намера да ја зголеми продажбата на електрични возила на батерии ширум светот за 3,5 милиони единици годишно до крајот на деценијата, објави денеска извршниот директор Акио Тојода, пренесува CNBC.
Најголем дел од тековната продажба на електрични возила на Тојота се хибриди со комбиниран погон со мотор со внатрешно согорување и електричен мотор на батерии. Електричните возила на батерии имаат мал дел од тековната продажба.
Јапонскиот автомобилски гигант ќе ги зголеми новите инвестиции во технологијата на батерии за 500 милијарди јени (4,4 милијарди долари) на 2,0 трилиони јени (17,6 милијарди долари), соопшти Toyota.
Тоа ќе биде дел од вкупната инвестиција на Toyota од 4,0 трилиони јени во електрични возила со батерии, што ќе вклучува капитални трошоци, како и истражување и развој.
Компанијата планира до 2030 година својот бренд на луксузни електрични возила со батерии, Lexus, да учествува со 100 отсто удел во вкупната продажба на возила на Toyota во Европа, Северна Америка и Кина и во глобалната продажба до 2035 година.
/RTV/
Автомобили
Дали знаете по колку време метличките на бришачите стануваат неупотребливи?

• Многу возачи се сетат на бришачите дури кога ќе ги фати силен дожд — и тогаш откриваат дека се веќе бескорисни или дури и опасни.
• Иако нивниот животен век зависи од многу фактори, експертите препорачуваат замена на секои 6 до 12 месеци.
• Во пракса, возачите често чекаат премногу долго — сè додека не се појават траги или нерамномерно чистење на стаклото.
• Изложеноста на сонце, мраз, нечистотија и времето генерално ја оштетува чувствителната гума, поради што таа станува тврдa, кршливa и губи еластичност.
• Според истражување на германскиот клуб ADAC, бришачите треба да се менуваат најдоцна на секои 24 месеци, без оглед колку често се користат.
• Екстремните услови како летната топлина и зимскиот студ значително го скратуваат животниот век. Користење на бришачи на суво или замрзнато стакло дополнително ги оштетува.
• Квалитетот на бришачите е исто така важен: обичните гумени модели се трошат побрзо, додека брендирани како Bosch можат да траат подолго.
• Знаци дека е време за нови бришачи:
-
Оставаат линии и дамки
-
Прескокнуваат по стаклото
-
Испуштаат чудни звуци
-
Гумата е напукната или оштетена
• За подолг век:
-
Редовно чистете ги бришачите и стаклото
-
Користете квалитетна течност за миење
-
Не ги активирајте врз мраз
Извор: Vecernji
Автомобили
ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе вложи вкупно 852 милиони евра во изградба на шест фабрики за батерии за електрични возила во неколку земји членки на ЕУ.
Целта: декарбонизација и индустриска конкурентност
Овие инвестиции се дел од Индустрискиот акционен план и Договорот за чиста индустрија. Според соопштението од Европската комисија, се работи за клучен чекор кон:
-
Намалување на емисиите на стакленички гасови
-
Намалување на зависноста од увоз на батерии
-
Поттикнување на технолошки развој
-
Создавање на висококвалитетни работни места низ Европа
Кои земји ќе добијат фабрики?
Фабриките ќе бидат изградени во следниве земји:
• Франција
• Германија
• Шведска
• Полска
Сите проекти се очекува да започнат со работа пред 2030 година и ќе придонесат кон создавање на стабилна и одржлива индустриска база на ЕУ.
Што точно се финансира?
Финансирањето ги опфаќа и капиталните и оперативните трошоци на фабриките, со можност дел од средствата да бидат исплатени и пред почетокот на активното работење. Средствата ќе бидат распределени според исполнувањето на клучни проектни пресвртници.
Очекувани резултати до 2040 година
Проектите имаат амбициозна цел:
-
Намалување на емисиите за 91 милион тони CO2
-
Комбиниран производствен капацитет од околу 56 GWh батериски ќелии годишно
Овие фабрики ќе користат иновативни, еколошки прифатливи технологии, што е од суштинско значење за европската стратегија за климатска неутралност и технолошка независност.
Извор: B92
Автомобили
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.
Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.
Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.
Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.
Извор: Telegraf
-
Кичево23 часа
Во понеделник ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времено без електрична енергија ќе биде кичевското село Другово
-
Кичево2 часа
„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (25 јули)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (26 јули)
-
Македонија24 часа
Утре на градскиот плоштад во Охрид, македонската Полиција ќе се реализира националната кампања „До вас, за вас“, како форма за приближување на полицијата до граѓаните
-
Lifestyle1 ден
Дали премногу често имате столица? Еве што значи тоа за вашето здравје
-
Lifestyle1 ден
Клуч за контрола на шеќерот во крвта: Три знаци дека не внесувате доволно растителни влакна
-
Македонија3 часа
Албански државјанин на „Ќафасан“ во документи ставил пари, бил приведен од РЦ Запад