Спорт
Трајковски: Фокусот е да победиме против Украина, со тоа ќе имаме големи шанси да ја поминеме групата
Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец го коментираше вчерашниот дуел со Австрија и поразот од 3:1. Тој смета дека Австријците не се ништо подобри од нашата селекција, и дека само двата евтини примени гола на крајот придонеле за поразот.
„Искрено мислам дека одигравме 70. минути добар фудбал компактно и се боревме до крај потоа ги примивме тие наивни голови од еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создадавме шанси, игравме наш фудбал, покажавме дека можеме со секого и мислам дека ако продолжиме вака дека ќе дојдеме до поволен резултат. Оваа Македонија никогаш нема да се предаде, имаме уште два натпревари до крај, па потоа ќе видиме што ќе се случува“, рече Трајковски.
Тој се заблагодари на публиката за поддршката од трибините и верува дека ќе им се оддолжи со добри игри и резултати на другите два меча
„Благодарност што дојдоа толку многу луѓе, на крај сакавме од првиот меч да имаме позитивен резултат, но се надеваме дека во следните два меча ќе дојдеме до тоа. Ќе се обидеме да ја поминеме оваа група, и да ги направиме горди фановите. Ние ќе се бориме до крај“, вели Трајковски.
Репрезентативецот вели дека има доволно време за селекцијата да се подготви за следниот меч со Украина
„Имаме уште време до натпреварот, треба да собереме сили за следните два натпревари. Ќе ја гледаме мечот да видиме каде сме грешеле, имаме време да се одмориме. Атмосферата останува иста, доволно сме мотивирани, затоа што знаеме дека има шанса да поминеме понатаму. Нема потреба да паѓаме доле, главата горе“, вели Трајковски.
Трајковски смета дека дуелот со Украина ќе биде клучен меч.
„Со Украина ќе биде клучен натпревар. Има после и со Холандија, но ако ја победиме Украина имаме големи шанси да ја поминеме групата. Затоа мора да се фокусираме на тој меч.“.
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Кичево19 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија2 денаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Спорт2 денаВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
-
Временска прогноза22 часаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија2 денаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
-
Хороскоп7 часаХороскоп за среда (19 ноември)
