Свет
Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.
– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.
Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.
Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.
Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.
Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com
Свет
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.
Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.
Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.
На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.
Извор: kosmickiglasnik.rs
Свет
Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.
Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.
Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.
Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.
Извор: phys.org
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
-
Кичево8 часа
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника10 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Хороскоп58 минути
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Македонија5 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет2 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!