Следете не

Свет

Три добри вести во врска со пандемијата

Објавено пред

на

Короната на сите им здодеа. Алармите повторно врескаат поради новиот сој, но за крајот на годината, вестите се се уште добри: се чини дека омикрон е поблаг, третата (бустер) доза на вакцината делува, а тука е и првата пилула за корона.

Според една студија од Англија, новиот вид на вирус познат како омикрон има 20 до 25 отсто помали шанси да доведе до болничко лекување отколку делта мутација. Лабораториските експерименти покажуваат дека омикрон има помала способност да ги инфицира белодробните клетки.

Иако останува да се види дали наодите ќе се потврдат во пракса, се чини дека омикрон ќе биде поблаг. Но, ќе се шири побрзо бидејќи поради бројните мутации на спајк-протеинот често го заобиколува имунолошкиот одговор што го стекнавме со почетната вакцинација или со пренесување на првите варијанти на вирусот.

Шкотска студија покажува дека ризикот од одење во болница со омикрон е дури две третини помал и дека овој вид практично не предизвикува потешки симптоми кај лицата под 60-годишна возраст. Таа студија исто така покажа дека бустер вакцината – односно третата доза – во голема мера штити од симптоми.

Во прилог на тоа зборува студија од австралискиот регион Нов Јужен Велс. Сепак, скоро сите се вакцинирани таму – а омикрон ги испраќа луѓето во болница двапати поретко од делта.

Сепак, научниците предупредуваат дека опасноста лежи во фактот што омикрон е многу позаразен. Дури и протокот на болеста да биде поблаг, ако за краток временски период се заразат огромен број луѓе – ќе ги има доволно за да ги наполнат болниците.

Дали се ближи крајот на пандемијата?

Некои веќе предвидуваат дека омикрон полека но сигурно става крај на пандемијата. Затоа што, таа варијанта е попаметна и еволутивно супериорна во однос на делтата. Тоа значи дека се шири побрзо, но поретко ги убива домаќините. Омикрон наскоро треба да има предност пред делта.

Иако вирусот нема брзо да се искорени – можеби никогаш нема да биде – постојат добри шанси тој да стане ендемичен. Тоа би значело дека нема пандемија, туку дека овде-онде локално или сезонски ќе се појавува ослабена верзија на вирусот – исто како грипот во зима. Ќе се заштити од тоа и од грип – со годишна вакцинација.

Добрата вест е што производителите на вакцини тврдат – и првите студии го покажуваат тоа – дека засилената доза добро штити од омикрон. Така велат во Новавакс, чија вакцина неодамна беше одобрена во ЕУ. Големи надежи се полагаат во оваа протеинска вакцина бидејќи има многу луѓе кои се скептични за новата технологија mRNA, па затоа ги избегнаа Moderna и Bayontek / Pfizer.

Производителите на тие две вакцини најавија и дека третата доза одлично делува против новиот вид. Истото го соопшти и AstraZeneca.

Првата антивирусна пилула

Фајзер деновиве има уште една голема вест – Американската агенција за лекови издаде итно одобрување за нивната таблета против ковид наречена Paxlovid. Една интеранализа на Фајзер покажува дека лекот ја намалува стапката на смртност за 89 проценти.

Paxlovid всушност ја успорува репликацијата на вирусот. Секој што е болен го пие апчето дома два пати дневно, вкупно пет дена, во комбинација со друг препарат. Целта на овој лек е да се избегне сериозен тек на болеста и да се спречи можна хоспитализација.

Во тек е постапката за одобрување пред Европската агенција за лекови. Тие велат дека таблетите би можеле да се препишуваат на возрасни пациенти на кои не им е потребен дополнителен кислород, а имаат зголемен ризик од тешка болест.

Производството уште нема да биде масовно, а лекот е скап. Така американските власти нарачаа десет милиони пакети за околу пет милијарди долари. Првите 265.000 ќе бидат испорачани во јануари.

/DW/

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза14 часа

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за вторник (15 јули)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Македонија1 ден

(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под...

Македонија1 ден

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево1 ден

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево1 ден

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

Македонија1 ден

Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место...

Македонија1 ден

МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот...

Хроника2 дена

МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои...

НАЈЧИТАНИ