Следете не

Свет

Уапсени 70 демонстранти против Ковид мерките во Отава

Објавено пред

на

Канадската полиција денеска соопшти дека привела 70 демонстранти од почетокот на нивната голема операција за расчистување на улиците на главниот град Отава, парализирани три недели поради демонстрациите против мерките против Ковид.

„До 15 часот (21 часот по средноевропско време) уапсивме 70 лица под обвинение за бројни прекршоци“, рече вршителот на должноста началник на полицијата Стив Бел.

Тој додаде дека операцијата се одвива „според планот“ и дека ќе биде потребно време.

Десетици камиони, кампери и други возила беа одвлечени, вклучително и сите возила што блокираа една од главните улици во градот, соопштија властите. Еден полицаец е полесно повреден, но нема повредени демонстранти, изјави Стив Бел.

Полицијата продолжува да работи за да ја преземе контролата врз улиците во градот, рече Бел, додавајќи дека ќе работат на тоа дење и ноќе додека не биде завршено.

Најмалку четворица водачи на демонстрантите се меѓу уапсените.

Канадската полиција утрово почна да апси камионџии кои го блокираа сообраќајот во Отава трета недела по ред во знак на протест против владините мерки за коронавирус.

Полицијата на Твитер објави дека дел од нив самите се предале и биле уапсени пред зградата на Собранието, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите.

Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протестите и блокадите на камионџиите кои започнаа поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои ја минуваат канадско-американската граница, а подоцна прераснаа во протест против сите мерки воведени поради Ковид-19, но и против премиерот Џастин Трудо.

Извор: danas.rs

Свет

Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.

Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.

Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.

Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.

„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.

WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.

Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.

Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.

Извор: independent.co.uk

Прочитај повеќе...

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“

Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи....

Култура2 часа

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Временска прогноза2 часа

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември)...

Технологија3 часа

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија15 часа

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија19 часа

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин22 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија23 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево23 часа

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

НАЈЧИТАНИ