Спорт
УЕФА и ФИФА со највисоки оценки за финансиското работење на ФФМ
На барање на Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период претставници на ФИФА и УЕФА вршеа ревизија на финансиското работење на Фудбалската федерација на Македонија, поврзано со проектите и активностите на ФФМ од користењето на средства од програмите „FIFA Forward“ за 2020 на ФИФА и „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија добила највисока оценка од ФИФА во однос на користењето на средствата од програмата Forward за 2020 година на ФИФА.
Наведено е дека средствата од развојните фондови на ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија ги користи исклучиво наменски, односно по пропишаната процедура која вклучува детален опис на проектите, документација, процес на одобрување, имплементација и известување за проектите.
Претставници на УЕФА, оваа седмица на барање на ФФМ, врши ревизија на трошоците и искористувањето на средствата од „HatTrick 3 и 4“- инвестициски програми на УЕФА. Преку оваа програма на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во државата, отворање на нови терени или реконструкција на постоечките со природна или вештачка трева, поставување рефлекторско осветлување итн.
Со оглед на тоа дека се работи за строго наменски средства, ФФМ има обврска, а токму тоа и го прави, да ги извести надлежните во УЕФА за вложувањето на средствата за проектите реализирани преку програмата на УЕФА.
ФФМ во соопштението вели дека како и досега ќе продолжи да ја обезбедува комплетноста и веродостојноста на своето финансиско работење за своите надлежни институции и останува отворена за сите прашања во однос на својата усогласеност со УЕФА и ФИФА, вклучително за распределбата и текот на финансиските средства за проектите од програмите на УЕФА и ФИФА.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика, е официјално назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја.
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
-
Магазин8 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Спорт3 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп19 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle6 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија20 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет20 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
