Следете не

Македонија

Укината целосната забрана за движење во шуми поради проценка за намален ризик од шумски пожари

Објавено пред

на

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год, заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП Национални шуми, известува Центарот за управување со кризи.

Македонија

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Објавено пред

на

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.

Оттаму за јавноста нагласија дека за директор на РЕК Осломеј е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, додека на директорска позиција во Осломеј е именуван и кичевчанецот Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, а досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.

Од компанијата информираат дека „в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино е Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.

Извор: 4news.mk

Прочитај повеќе...

Македонија

Стружанец заработи кривична пријава поради предизвикување пожар

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска солидно намалување на цените на сите нафтени деривати

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија26 секунди

Укината целосната забрана за движење во шуми поради проценка за намален ризик од шумски пожари

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,...

Lifestyle3 часа

Ако имате висок холестерол, овие девет намирници треба да ги избегнувате

Кога се откриени нездраво високи нивоа на холестерол во крвта, тоа може да доведе до воспаление и таложење на наслаги...

Автомобили3 часа

За прв пат во европска земја има повеќе електрични автомобили отколку бензински

На патиштата во Норвешка за прв пат во историјата има повеќе електрични автомобили отколку бензински автомобили, објави денеска Норвешкиот совет...

Магазин3 часа

Ако го имате овој уред, iOS 18 ќе го уништи

Некои корисници на Apple пријавија проблеми со нивните уреди откако се обидоа да го инсталираат новиот оперативен систем iOS 18....

Автомобили3 часа

Познат кинески бренд ја купува фабриката на Audi?

Фабриката на Audi во Брисел е во незавидна положба, со оглед на тоа што Q8 e-tron, единствениот модел произведен на...

Автомобили3 часа

Милиони возачи прават една грешка кога менуваат гуми

Експертите за гуми тврдат дека милиони сопственици на возила прават голема грешка. Имено, кога не се менуваат сите, туку само...

Кичево6 часа

Вечерва сите патишта водат кон кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“

Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога,...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (20 септември)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија21 час

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. Оттаму...

Кичево24 часа

(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’

Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на...

НАЈЧИТАНИ