Кичево
Драги родители, ова се сите информации за упис на дечињата во прво одделение во кичевските основни училишта за 2023/2024 год.
И оваа година во пресрет на уписите на првачиња во тековната 2023/2024 ви ги истакнуваме сите потребни информации од кичевските училишта поединечно. Ова е се што треба да знаете за вашето дете
ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ – Кичево го истакна следното соопштение. Во прво одделение се запишуваат ученици кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години. По исклучок во прво одделение можат да се запишат деца кои до 31.01.2024 год ќе наполнат 6 години по претходно доставено барање од родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето.
Потребна документација за упис:
- Фотокопија од извод од матична книга на родени
- Потврда за примени задолжителни вакцини
- Потврда за извршен стоматолошки преглед
- Потврда за извршен офталмолошки преглед.
– Потврдите треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа.
Уписот на учениците ќе се врши во месец мај, од 02.05.2023 год. Пријавувањето на учениците може да се врши со физичко присуство или електронски преку веб страната ТУКА со пополнување на апликацијата за упис и прикачување на документите во скенирана форма.
По поднесеното барање за упис, родителите ќе бидат контактирани од страна на Комисијата во училиштето, со цел закажување на термин за проценка на детето за упис во прво одделение, додека родителите со себе треба да понесат документ за идентификација односно лична карта.
ОУ „Санде Штерјоски“ – Кичево – ќе запишува ученици во I-(прво) одделение за учебната 2023/2024 год во временски период од 02.05.2023 год (вторник) до 31.05.2023 год (среда) под следните услови:
- Во прво одделение ќе се запишат сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (да се родени 2017 год и сите деца родени до 31 јануари 2018 год, по претходно барање од родителот и добиеното мислење од педагогот и психилогот во училиштето)
- При запишување потребен е извод од матична книга на родени со матичен број (не мора да е нов, но изводот да е оригинал и заверена фотокопија)
- При запишување на детето во прво одделение родителот/старателот е должен да достави:
- потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа
- потврда за стоматолошки преглед од надлежната здравствената установа или матичен стоматолог
- потврда од офталмолошки преглед од надлежна здравствена установа
При запишувањена дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави мислење-функционален прпофил од Комисија за проценка на деца и младинци за дополнително образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Запишувањето ќе го врши Комисијата на училиштето составена од Педагогот, Психилогот и Одд.Наставник.
Родителите на децата кои се за запишување во прво одделение заради прибирање на податоци потребни за нивното евидентирање треба во паралелките на македонски и турски наставен јази да се јават на следниот тел бр. ☎️ 078/434-802 од Педагогот на училиштето за да одредат термин за денот и времето на опсервација на нивното дете.
Децата за упис треба да доаѓаат заедно со родител поради евидентирање на точни податоци од децата.
Родителите/старателите ќе можат да пополнат пријава преку апликација за упис на ученици во прво одделение преку порталот на „Услуги“ – ТУКА
ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево за уписи на првачиња го истакнуваат следното соопштение:
- Децата во прво одделение во основното училиште оваа учебна година се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
- Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 години (родени 2017 год)
- Детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31 јануари наредната година (2024г), по предходно барање на родителот, односно старателот и добиено мислење од Педагогот или Психологот во училиштето (родени јануари, 2018)
- При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да ги достави следните документи:
- извор од Матична книга на родените (копија), без разлика на датум на издавање
- потврда за примените задолжителни вакцини за детето
- стоматолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа (детска и превентивна стоматологија-Кичево во време од 08:30-13:30ч со пауза од 10:30 до 11:00ч)
- офталмолошки преглед издаден од надлежна здравствена установа (со упат од матичен лекар)
5. При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од Комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
При уписот треба да е присутно детето со еден од родителите кој со себе ќе носи документ за идентификација.
Родителите се покануваат да дојдат во стручната служба во училиштето за закажување на термин секој ден од 09:00 – 15:00 часот.
Опсервација и запишување на детето почнува на 03.05.2023 год.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт2 дена(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Хороскоп11 часаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија20 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Македонија22 часаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
