Кичево
Урбан викенд со супер музика во Република 96250
Забавата продолжува и овој петок, 29 април. Заедно да го започнеме викендот со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass), во вашето омилено место, Република 96250. Со почеток во 21:30 часот.
Во сабота, 30 април, “Ris Flower” LIVE со почеток во 21:30 часот.
Со настапот во клубот „Република 96250“ во Кичево, тој го најавува почетокот на настапите во живо. Овој настап е предвесник на Турнејата “Ris Flower – Live Power Tour” која ќе се одржи во Мај 2022 низ Македонија.
На настапот ќе бидат изведени дел од авторските композиции на Ris Fлower, како и познати кавери.
Ris Flower е музички псевдоним и интернационален музички проект на македонскиот пејач и мулти инструменталист Борис Цветановски.
Неделата, 01 мај, ја резервираме за уживачите на електронката музика диригирана од нашиот DJ Punisher

Инфо и резервации:
✆ 078 322 615
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
Кичево
Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за јавноста денес соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника2 денаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево21 часОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника20 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза21 часОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата

