Временска прогноза
Утре дожд па следува невообичаен пораст на дневните температури
Како што најавивме, под влијание на влажен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд и тоа особено претпладне, додека до крајот на денот врнежите ќе престануваат. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, што значи дека истите ќе бидат нешто пониски.
Потоа од среда па натаму, под влијание на јужно воздушно струење температурите ќе бидат во ГОЛЕМ пораст, а времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината. Позитивни температури на воздухот ќе имаме и во ноќните, како и во раните утрински часови.
И во Скопскиот регион утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Потоа од среда па натаму времето ќе биде променливо облачно и суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бележат тенденција на пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври) како и утре претпладне насекаде во Република Македонија ќе има врнежи од дожд кои особено обилни и поројни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе има и локална појава на грмежи особено во западните предели.
И во Скопје и околината со оваа циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.
Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и особено во западните предели ќе достигнува брзина дури до околу 90 км/час. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме. Токму поради очекуваниот бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под стари и осамени дрвја.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и тоа поради продор на поладен воздух од север и утре (понеделник 27 октомври) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Да напоменам дека утре наутро и претпладнето на највисоките планини во северозападна Македонија (од 2000 метри па нагоре) ќе има повремен снег, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.
Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.
Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски
-
Хороскоп24 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија13 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија9 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
