Македонија
Утре повеќе села во околината на Македонски Брод без електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа

Македонија
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија

Утрово после 5 часот граѓани на социјалните мрежи упатуваа поплаки дека нивниот регион нема електрична енергија.
Според исказите, електрична енергија немало на повеќе региони во Македонија.
– Имено подетални информации околу веројатно големиот дефект сеуште немаме, останува да почекаме официјална информација.
Од она што неофицијално стигнува како информација од граѓани е тоа што без електрична енергија биле овие градови: Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Охрид, Кочани, Крушево итн, додека информација за непланиран прекин во електроснабдување нема истакнато на официјалната страница од електродистрибуција.
* Обновено инфо: Во регионите во некои места состојбата со електричната енергија од околу 7 часот утрово доаѓа во нормала, известуваат граѓани.
Македонија
ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24:00 часот.
За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки, информира МВР.
Македонија
Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско.
При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево21 час
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Македонија2 часа
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Скопје2 дена
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски