Скопје
Утре во Скопје на поширокото централно подрачје ќе има посебен режим на сообраќај поради посета на висок функционер на Република Црна Гора
СВР Скопје денес ги извести граѓаните дека денеска (27.01.), но и утре (четврток) (28.01.2025) во Скопје, односно во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, пренесува МВР.
Скопје
Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
-
Хроника14 часаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево1 денНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија13 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хороскоп2 часаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија15 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
