Кичево
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.
Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
Кичево
Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Lifestyle2 денаЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Автомобили2 денаГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин23 часаГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
