Следете не

Кичево

Важно известување од градскиот храм „Св.апостоли Петар и Павле“ по повод Успение на Пресвета Богородица

Објавено пред

на

Кичевското архиерејско намесништво при градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ од Кичево ве известува дека почнувајќи од ден 26.08.2021 година (утре четврток и понатаму: петок и сабота) ќе се почне со пеење – Благословување (ОСВЕТУВАЊЕ) НА СЛАВСКИТЕ КОЛАЧИ И ИМЕНДЕНСКИТЕ ЛЕБОВИ по повод Успение на Пресвета Богородица кој се слави на 28.08 (сабота).
Ова е така затоа што Успение на Пресвета Богородица е честа слава во нашиот град Кичево, па за да се одбегне гужва и собирање во време на овој четврти бран на корона вирусот (Ковид-19), се допушта сето она што се извршувало на 27 и 28 август да се почне порано, за да нема премногу гужва.
Се замолуваат верниците да носат заштитна маска и да доаѓаат без гнев и лутина, затоа што на секој ќе му се обрне доволното внимание. Во храмот ќе има секојдневно дежурен свештеник од 08 часот до 16 часот од определениот датум.
Нека ни е лесен, благословен и богоугоден Богородичниот пост кој трае до 27 август, за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица, а на оние кои го празнуваат неговиот спомен и ги носат имињата нека им е честит и вековит.
Нека Мајката Божја, Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија, се моли за нас маловерните и грешни слуги, да здобиеме покајание, да станеме вистински православни христијани и да ни биде заштитничка пред Престолот Божји на нејзиниот Син и наш Спасител Господ Исус Христос.
АМИН!
Извор: Кичевска Парохија
Инаку, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица 28 август (сабота) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на граѓаните од православна вероисповед им го честитаат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Кичево

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.

Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.

Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Објавено пред

на

©porta.mk

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.

Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)

 

Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.

Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот

– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.

Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.

Прочитај повеќе...

Кичево

Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!

Објавено пред

на

ФОТО: ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“

Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како основци.

Тие најпрво во дворот на училиштето со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија дружбата.

Тука беа и учениците од ЦОУ Христо Узунов од с.Другово кичевско, но и учениците од кичевското училиште Д-р Владимир Полежиноски:

Од нашата редакција им честитаме и им посакуваме успех понатаму!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за недела (15 јуни)

Овен  Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период...

Временска прогноза12 часа

Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец....

Кичево19 часа

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до...

Кичево19 часа

(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (14 јуни)

Овен Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу...

Спорт1 ден

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе...

Спорт2 дена

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е...

Свет2 дена

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа...

Спорт2 дена

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне,...

Хроника2 дена

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано...

НАЈЧИТАНИ