Временска прогноза
Важно: Викендов следува голема промена на времето
До петок, Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите ќе бидат високи, но нема да бидат екстремно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 тепени, додека особено во четврток и во петок во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 40 степени.
Во Скопје максималната температура овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.
Под влијание на Џеновски циклон, за време на викендот кај нас ќе има поголема промена на времето, односно во сабота на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме.
Од недела ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите позначително ќе се намалат (за околу 10 степени).
Текст: Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (30 април)
-
Хороскоп16 часа
Месечен Хороскоп (Мај 2024)
-
Литература17 часа
Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица
-
Македонија47 минути
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија3 часа
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Македонија1 ден
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
-
Магазин1 ден
Фантастични резултати на Samsung во првиот квартал
-
Магазин1 ден
Доаѓаат реклами на стартното мени на Windows 11