Временска прогноза
Крај на екстремно високите температури, следи глобално заладување, доаѓа период на голема промена на времето и заладување..

Уште во првите седум денови од август на Балканот пристигнува вистинско есенско време, како и многу врнежи. Во Алпскиот регион очекуваме и нови интензивни врнежи од СНЕГ.
Температурите ќе бидат далеку под просекот за почетокот на август месец, можно е дури снег да видат и највисоките планини во Словенија, на пример повторно снег може да види планинскиот врв Кредарица каде неодамна заврна снег.
Падот на температурите ќе се почувствува и кај нас, што значи оваа промена доаѓа и кај нас (најверојатно). Ако снегот во Алпскиот регион се појавуваше во подоцните есенски месеци, сега снегот таму е честа појава ова лето.
Факт е дека глобалното затоплување не постои, и не треба толку да му се дава важност и да се објавува за него. Во тек е глобално заладување. Не значи ако десет или петнаесет денови ова лето имавме екстремно високи температури, и имаме глобално затоплување.
Ектремно високите температури на Балканскиот Полуостров најверојатно завршија. Сега според горе наведеното, следува голема промена на времето и ново заладување, и тоа уште кон крајот на седмицата, односно околу 6-7 август, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови

За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува студено, особено во ноќните и во утринските часови.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, со што речиси насекаде низ државава ќе има појава на мраз. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Да напоменеме дека ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите) и слаб снег на повисоките места и на планините и тоа особено во северозападните предели од државава ќе има во недела доцна попладне и рано навечер.
Во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно и суво време со повеќе сонце. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и -1 степен, а максималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 8 степени, за ПортаМк пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина

Врнежите кои повторно ќе започнат од следните часови во Македонија, и тоа поради продорот на уште постуден воздух од север, ќе преминуваат во снег и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места низ Македонија.
Провејување на снег ќе има понекаде и во градовите, особено во западните и во северозападните предели. На повисоките места и планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде може таа да биде и поголема.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
Во Скопје и околината провејување на снег се очекува на околните планини, како и во повисоките предели од котлината. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
- НАПОМЕНА: Поради ниските температури кои се очекуваат, се очекува појава на мраз, што значи возачите особено доколку се движат кон планинските превои и Скијачките центри да бидат крајно внимателни.
Во петок, како и за време на викендот ќе имаме релативно стабилно и суво време, што значи дека ќе одмориме од многу променливото време и врнежите, но наутро ќе биде уште постудено и температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи дека ќе имаме појава на мраз.
Најстудено преку ден ќе биде во петок и тоа со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во деновите од викендот ќе биде малку потопло преку ден, но и понатаму со негативни температури наутро, за порта.мк вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (8 декември)
-
Кичево8 часа
Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното
-
Временска прогноза15 часа
Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (9 декември)
-
Спорт1 ден
Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“
-
Култура21 час
Денес го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.
-
Магазин2 дена
Ова е најгледаното видео на TikTok во 2023 година (ВИДЕО)