Временска прогноза
Почетокот на месец август есенски температури? Ова се најновите метео анализи..

Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.
Исто така, првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури.
Ние во Македонија, освен многу помалку дожд, ќе имаме и малку помал пад на температурите за разлика од регионот, но падот на истите значително ќе се почувствува и кај нас уште во првата седмица од август. Особено значително пониски ќе бидат минималните утрински температури, а далеку попријатни ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот.
Август месец ни носи и лето, и есен, врнежи и временски непогоди, па дури и снег. Ако изминатите години снегот во Алпскиот регион се појавуваше во есенските месеци, оваа година тој веќе се појави овој месец, а нови поинтензивни врнежи од снег на алпите се очекува и во август.
Детална анализа околу ова заладување, и кави температури ќе имаме ние во првата седмица од август, но и точно какво време не очекува, ќе дознаете деновиве, кога многу работи ќе бидат појасни, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север.
На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.
Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго.
Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.
Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец.
Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.
Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.
- Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Балканот пред температурен шок, следува затоплување невообичаено за овој дел од годината, па повторно студено време..

Балканот пред температурен шок: Најпрвин големо затоплување на времето, на повеќе места во регионот ќе се мерат температури до околу, па дури и над 20 степени, особено во петок и сабота.
Потоа следува нов продор на поларниот вртлог од север и повторно многу ниски температури на воздухот во Македонија со ова краткотрајно но големо затоплување се очекуваат температури до околу 17 степени, и тоа во најтоплите централни и југоисточни предели.
Со оваа голема температурна промена, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Изминатата ноќ во Кичево измерени -11 степени, додека од вечерва нашите краеви ќе бидат зафатени со нов дождлив циклон, ова се најновите детали..

Под влијание на нова циклонска активност од запад, од ноќеска, односно понеделник кон вторник, како и во вторник во Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Само од почетокот снежната граница понекаде може да се спушти под 1000 метри надморска височина.
Локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните предели каде е можна појава и на ретки грмежи. Таму локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Во вторник на повеќе места низ Македонија ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје исто така во вторник ќе има нови врнежи од дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата.
Ако вака останат работите, нов поларен студ Европа и Балканот ќе го зафатат уште во првите денови од декември и ќе донесе голем студ, како и потпросечни температури на воздухот, вели Славчо Попоски за Порта.мк
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (30 ноември)
-
Хороскоп22 часа
Месечен Хороскоп (декември)
-
Временска прогноза1 ден
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа
-
Автомобили9 часа
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Спорт7 часа
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло
-
Магазин9 часа
Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања
-
Магазин9 часа
Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци
-
Култура2 минути
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица