Кичево
Вчера и денес три пријавени пожари во Кичево, каде интервенирала ТППЕ
На 18.02.2023 година во 00:40 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во стан во зграда лоцирана на „11 октомври“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Вчера на 17.02.2023 година во 09:17 часот, во ОВР Кичево, пријавено е дека во куќа сопственост на А.М.(72) од Кичево, лоцирана на улицата „Скопска“, настанал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Истиот ден во 13.30 часот, во ОВР Кичево, пријавено е дека во плевна во кичевското село Челопеци, сопственост на Ф.А. (61) од истото село, настанал пожар во кој, нема повредени лица.
Пожарот е ликализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.
Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.
Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.
Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.
Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.
Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.
Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза23 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево18 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево19 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента













