Спорт
Вечерва ги дознаваме финалистите на турнирот во мал фудбал во с.Вранештица, кој ги руши сите рекорди на посетеност оваа година..
Вечерва се играат полуфиналните двојки на турнирот во мал фудбал во с.Вранештица – кичевско, кој се одржува по 55-ти пат по повод најголемиот празник „Илинден“. Со почеток од 20:00 часот следните екипи ќе ги одберат силите, победниците од вечерва ќе се борат за големото финале кое ќе се одржи на самиот ден „Илинден“ односно 2-ри август, каде настанот ќе биде збогатен со музика во живот, традиционално најдобрата скара на жар, ладни пијалоци и одлична атмосфера во природните убавини.
- ⚽️ Кеди Дизајн vs Викса Маркет ⚽️
- ⚽️ Охрид vs Асан ⚽️
Бидете дел!
Нека победат најдобрите!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп7 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Lifestyle2 денаНајефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Временска прогноза16 часаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Магазин2 денаКрем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин2 денаWhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Магазин2 денаOpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
