Кичево
Вечерва сите патишта водат кон кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“
Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога, ја имаме честа денес да ве поканиме денес од 18:00ч. на празнична Вечерна богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а ќе претстојат Митрополитот Повардарски г.Агатангел и секако нашиот највозљубен Старец и Епископ Антаниски – г.Партениј.
Во текот на богослужбата, една искушеничка (Душица) од сестринството ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.
сабота, 21 септември
7:00ч. – утрена богослужба.
8:45ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј.
9:00ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.
Потпирајќи се со цврста вера на Онаа Која е поширока од Небесата и Која Го роди Спасителот наш, ве очекуваме со голема радост заеднички да го прославиме роденденот на Мајката Божја и Мајката наша! Воедно, ќе учествуваме заеднички и во молитвите при чинот на монашкиот потстриг на нашата сестра. А за сето тоа да биде целосно исполнето со најубавото источно православно пеење, ќе помогнат нашите најдраги пријатели од Света Гора: архимандритите о. Матеј, о. Антипа, о. Херувим, монаси, псалти и други гости.
– Преку нашиот медиум посакуваме сите патишта да водат кон манастир Св.Богородица Пречиста, понесувајќи го со себе благословот од средбата со Чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева.
– Во продолжение погледнете ТУКА како помина манастирската слава минатата 2023-та година!
Ве очекуваме во што поголем број и повторно да доживееме духовно и телесно исцеление и обновување заедно.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево1 денВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп18 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево21 час(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Временска прогноза1 денЛадно на утро со температури под нулата
-
Социјални мрежи1 ден„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
-
Спорт1 денВо просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември



