Следете не

Култура

(ВИДЕО) По повод најголемиот христијански празник „Велигден“, жителите на овој дел од Скопје направија видео кое не остава рамнодушен никого, традиција на повидок

Објавено пред

на

©porta.mk

Доаѓаме од мало место, полно љубов, приградските села Јурумлери, Нова Колонија, сплотени во едно. Овие села имаат долга историја, места каде со векови се негуваат добрите вредности и традицијата. Уште од деца, од мали нозе, нашите родители не учеа колку е важна почитта кон религијата и како верата секогаш повикува на духовно растење и развивање на личноста. За нас црквата претставува духовен храм, место каде што се соединуваме ние верниците и нашиот Бог.

Тоа место во нашата околина е црквата св. Петар и Павле, која датира од 20от век, а до ден денес е центар на духовен мир за жителите во овие места. Водени од вербата во Бога, во пресрет на Велигденските празници, дојдовме до замисла која не остави рамнодушен ниту еден од нас. Замислата при организација на ова што го гледате беше со цел уште поголемо зближување на луѓето, заедничка соработка и најава на големиот Христијански празник. Навистина беше прекрасно чувството, сплотеноста помеѓу сите нас, сплотеноста помеѓу постарите и помладите генерации во едно. Во моментот кога ги запаливме бакљите и огнометот, срцата заиграа, а реакциите од сите присутни само ни потврдија дека она што го правиме, навистина вреди.

Ова е наша прва година на ваква организација, која во иднина ќе стане традиција, која ќе ја негуваат идните генерации. Христијани, почитувајте ја својата религија, верувајте во Бога и правете добро, за доброто да ви се врати, на кратко ни изјави Иле Ристов, еден од главните иницијатори за овој прекрасен чин претставен преку видео.

✝️Христос Воскресе – Навистина Воскресе!⛪️

Доколку не се вчита видеото, ексклузивно погледнете го ТУКА

Култура

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

За многу години, утрешниот празник домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.

Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.


Ангелите и улогата на Архангел Михаил

Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.

Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.

Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.

Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.


Зошто празникот се слави токму во ноември?

Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Пополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате

Кога ќе те прашаат: „Од кај си?“, ти им викаш: „Од Кичево“. Е, често пати потоа те гледаат коцкесто бидејќи...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (16 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Македонија20 часа

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во...

Скопје23 часа

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево23 часа

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle1 ден

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин1 ден

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин1 ден

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

НАЈЧИТАНИ